Кафе муабет
„ПРЕМНОГУ ме изневеруваа“: Марија Шерифовиќ првпат отворено прозборе за ЉУБОВНИОТ ЖИВОТ
Пејачката не сака да зборува за приватноста...
Марија Шерифовиќ ретко зборува за својот приватен живот, но неодамна откри неколку детали за себе и за својот емотивен живот.
Пејачката откри дека нејзините врски најчесто завршувале затоа што не била верна, но се случувало да ја изневерат и неа, што тешко го поднесувала.
Пејачката не зборува често за ова во јавноста, па многу малку се знае за нејзиниот емотивен живот, но овој пат таа ги изненади сите со својата искреност.
– Дури и премногу ме изневеруваа. Се борев многу тешко со тоа. Тоа е страшно предавство. Сè повеќе сфаќам дека поентата е да се биде во хармонија со саканата личност. Останатото може да се купи – изјави во една прилика Марија.
Пејачката истакнува дека е тешко да ја освојат и дека речиси никогаш не го прави првиот чекор.
– Игрите кои предизвикуваат љубомора со годините ми се сè помалку сочувствителни. Јас сум посесивна личност, во тие ситуации можам да реагирам бурно и ни малку пријатно. Сè уште не сум доживеалa некој да ме освои! За почеток изгледаm многу тешко, да не речам непобедливо – изјави Марија.
– Прекрасно е чувството кога никој никогаш не ти приоѓа. Да беше поинаку, веројатно ќе беше губење време. Одамна го немам направено првиот чекор, ниту пак планирам да го направам тоа наскоро. Немам нерви, време или трпение за никого. Во моментов ми е толку убаво и нема да се замарам со тоа дали сум сингл или не, ниту е услов за среќа – истакнува Марија.
Пејачката истакна дека моментално е среќна што е слободна.
– За мене е незамисливо некој да има агресивен пристап кон мене. Но, рака на срце, немаше ниту романтични обиди. Всушност, речиси немаше пристапи. Врската се случува само ако сакам – изјави Шерифовиќ.
– Јас сум намќор, катастрофа од човек. Јас сакам само песок, јапонки, шорцеви, а ова тронтање по снег не можам да го поднесам. Сакам да гледам снег низ прозорец, ако е можно со кајмак и уштипци, рекла низ насмевка Шерифовиќ.