Кафе муабет
Прекрасни вести од домот на најубавиот турски пар: Бурак и Фахрије имаат уште една голема причина за славење (фото)
Прославија пет години од брак...
Пред точно пет години, Бурак Озџивит ги скрши срцата на илјадници обожавателки кога се заколна на вечна љубов на својата убава колешка Фахрије Евџен.
Беше тоа на романтичниот брег на Босфор, во Истанбул, во доцните попладневни часови.
Иако турските медиуми во меѓувреме неколку пати ги разведуваа згодната двојка чија приказна започна во 2013 година, немаше позначајни проблеми во бракот. Згора на тоа, тие не се одвојуваат еден од друг, освен кога треба да одат на работа. Тука е и круната на големата љубов, синот Каран, центарот на нивниот свет и ѕвездата на нивните Инстаграм профили.
А бидејќи пет години брак не се ниту мала бројка впечатливиот Бали-бег и неговата сопруга на посебен начин го одбележаа тој важен датум. И двајцата објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи, потпишани со срце.
Освен што ја слават петгодишнината од својата љубов, тие пред некое време објавија уште една убава вест која ги израдува фановите.
Се чини дека колку повеќе се пишува за кризата во нивниот брак тие стануваат посилни па така пред неколку дена споделија дека повторно ќе станат родители па така може да заклучиме дека освен што се исклучително успешни на деловен план, им цветаат рози и на приватно поле.
Имено, Фахрије повторно е бремена а како што јавуваат турските медиуми се уште не го знаат полот.
Ова беше и причината поради која актерката се откажа од снимањето на серијата „Алпарслан“.
Не криеја дека со нетрпение очекуваат уште едно дете, и дека едвај чекаат да го дознаат полот.
Парот сака да дознае дали Каран ќе добие братче или сестричка.
Не само што семејството Озчивит никогаш не било среќно, туку сега има посебна причина за тоа.
Иако досега не ги коментираше наводите, особено оние за развод, овојпат реши да докаже дека тие не се точни. А дека нема причина за грижа потврдуваат и идиличните фотографии и веста за приновата.
Каран е роден на 14 април 2019 година, а секоја негова фотографија ги воодушевува обожавателите на познатите родители.
Фахрие во една прилика зборуваше и за промените што и се случиле во животот откако во 2019 го роди Каран.
„Отсекогаш мислев дека добро управувам со моето време и бев горда на самата себеси, бидејќи тука беше универзитетот, мојот деловен живот, успеав успешно да го менаџирам сето тоа, но откако бебето влезе во мојот живот, видов дека не е баш така лесно, тоа потполно го преврте мојот ритам“.
„Тоа е така затоа што бебето има свој ритам и мајката мора да одви време за него“, зборуваше актерката на состанокот.
„Долго време немав поддршка од никого, освен од Бурак. Од тие причини дојде и до сериозни промени во мојот живот“ изјави Фахрие.
„Станав многу поемоционална откако станав мајка. Но два главни проблеми почнаа да ме болат многу.
Дали секое бебе расте под еднакви услови? И дали секое семејство може да се грижи за своето бебе под еднакви услови? По некое време почнав многу длабоко да ја чувствувам оваа тема“, изјави Евџен.