Кафе муабет
,,ПРЕД 20 ГОДИНИ ДЕВОЈЧЕТО СО ЧОРАПЧИЊАТА ПОБЕДИ НА АУДИЦИЈА’’ – Елена Ристеска емотивно прослави 20 ГОДИНИ МУЗИЧКА КАРИЕРА
И после 20 години јас сум истата Елена, иако многу нешта се променија...
Како дел од музичкото шоу М2 пејачката Елена Ристеска успеа да изгради кариера и денес е едно од најпознатите музички имиња во земјава.
Фото:Инстаграм/Елена Ристеска
Нејзиниот деби сингл „Она Другото”, ремек дело на Дарко Димитров и Александар Ристовски Принц веднаш стана голем хит во Македонија.
Денеска на социјалните мрежи пејачката емотивно се потсети на девојчето пред 20 години. Имено, таа објави фотографии од почетокот на нејзината музичка кариера под кои напиша:
На овој ден, или точно пред 20 години откако ,,девојчето со чорапчињата’’ победи на уадицијата ‘’М2 продукција, основана од Иво Јанкоски и Дарко Димитров.
На кои и денес сум им благодарна за шансата која ми ја дадоа да започнам своја музичка кариера и да може публиката да ме чуе и запознае. Од 2000 кандидати успеав да влезам во 100-те финалисти пеејќи песна од мојата другарка Каролина Гочева’’, емотивно се присети пејачката.
Ристеска се заблагодари на своите фанови и обожаватели, па напиша:
,,Најдрагото нешто ми е што стекнав свои обожаватели, кои и ден денес се тука за мене. А благодарение на Бог кој ми го дал гласот, јас 20 години за нив пеам и постојам”.
Се потсети на поддршката од нејзините наблиски, семејството, роднините…
,,Паметам и ден денес дека моите не знаеја дека сум пријавена на некаква аудиција, единствено сестра ми која ми е и ден денес најголема поддршка. Кога дознаа дека сум влегла во 100те полуфиналисти татко ми ми рече: ,,Елена, тој свет е подмолен и се’ е наместено, немој да се разочараш. Јас му одговорив: ,,Тато, само сакам да си докажам на себе дека можам, не ми е важно ништо повеќе’’, се потсети Елена.
И после 20 години, јас сум истата Елена, иако многу нешта се променија. Иста е мојата љубов кон ВАС и кон музиката. Ве сакам – напиша Елена на Инстаграм
Елена минатата година освои и две престижни награди. Имено, таа во Турција ја доби наградата за најдобар претставник на македонската култура во светот и во Сокобања доби награда за личност на годината во светот на поп музиката, што е од особено значење како за неа така и за нашата земја.
Елена на македонската музичка сцена успешно опстојува долги години и може да се пофали со многу богата кариера.
Може да се каже дека најголемиот успех во нејзината музичка кариера е победата на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“ во 2006 година кога ја претставуваше Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција.