Новости

Пред три недели се породи а сега го покажа бебето- ќерката на Ана Севиќ доби име по грчката божица!

Пред три недели Ана ја доби втората ќерка Сена

На 11 декември пејачката Ана Севиќ и нејзиниот партнер Даниел Недеjковиќ  добија ќерка.

Ана се породи пред неполни три недели а сега на својот Инстаграм профил ја сподели и својата прва фотографија од бебето.

Таа направи вистинска бајка за нејзината втора наследничка.

Пејачката ја фотографираше својата ќерка како спие во розова постелнина со мечиња, но не го покажа лицето на детето.

Ана откри и како таа го добила своето име.

– Добра вечер, свету! Јас сум Сена Недељковиќ – напиша пејачката.

 

Името Сена е варијанта од името Селена, кое потекнува од грчки јазик и е име на божицата на Месечината.

За оние кои не знаат Ана веќе ја има ќерката Лорена, која ја доби од првиот брак со пејачот Дарко Лазиќ, а сега има уште една наследничка со избраникот Даниел Недељковиќ, за кого ова е прво дете.

Ана Севиќ и Даниел Недељковиќ започнаа да се забавуваат во јануари 2018 година, откако таа и нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ ја известија јавноста дека поднеле барање за развод.

 

Ана и Даниел имаа стабилна и хармонична врска до октомври минатата година, кога решија да се разделат, но набргу се смирија.

Дарко Лазиќ и должи вртоглава сума на пари на Ана

 

За бракот на Ана Севиќ и Дарко Лазиќ се пишуваше на големо Тие ја имаат ќерката Лорена а неодамна Ана стана мајка по втор пат.

Пејачот и должи 900.000 динари на Ана Севиќ или 20 алиментации за својата ќерка Лорена.

 

Таа поднесе тужба во мај годинава против нејзиниот поранешен сопруг за неплаќање алиментација за нивната ќерка. Дарко пак јавно тврди дека таа не ги исполнила обврските па така сега долгот на пејачот е со износ од 900.000 динари. Бидејќи тој сè уште не стори ништо во врска со ова прашање, Ана побара правда на суд, но побара дискреција од адвокатот затоа што не сакаше да го клевети таткото на своето дете. По тој повод се огласи и Дарко, кој ги негираше обвинувањата.

 

– Не е вистина, Ана лаже! Плаќам алиментација на Лорена. Моите деца добиваат од мене секаков вид внимание и љубов што никогаш не им недостасува – изјавил пејачот за медиумите.

Соседите на Ана тврдат дека е вообразена!

 

 

Пејачката по разводот со Дарко помина низ бурен период, а тоа се одрази на нејзиниот живот на Косутњак. Иако заедно со поранешниот сопруг се договорила дека ќе има стан што и припаѓа само на неа по разводот, Ана Севиќ, како што велат соседите, ретко доаѓа на таа адреса и поминува сè помалку време во тој стан.

Мислењата за неа се поделени, а има и такви соседи кои ја опишаа како вообразена.

– Никогаш не се поздравува со нас, се однесува како да ги има сите дипломи на светот. 

Соседите за Блиц.рс истакнаа дека Ана на оваа адреса никогаш не ја виделе со новиот избраник Даниел Недељковиќ.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close