Кафе муабет
ПРЕД ОПЕРЦИЈАТА ЈА ПРАШАЛА САМО ЕДНО НЕШТО: Анастасија цело време била со мајка си – откри детали за тешката интервенција
Цеца закрепна...
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ беше оперирана во Истанбул. Пејачката обелодени дека имала интервенција (кила на стомакот), а потоа објави и како поминала операцијата.
Хируршката интервенција траела осум часа.
Цеца претходно, во разговор со својата сестра Лидија, откри неколку детали и зошто избрала да оди во Турција.
„Барем некој што е врвен хирург ќе го реши тоа за да немам последица на кожата по интервенцијата. Тоа многу ми е важно, сепак јас сум женско“, откри пејачката во документарецот „Цеца шоу“.
Како што истакна пејачката во својата емисија, пред да замине на операција и кажале дека процедурата е тешка, а закрепнувањето трае 72 часа.
За неа се грижел најдобриот тим на експерти и се помина без компликации.
Цеца непосредно пред да влезе во операциона сала преку видео повик разговарала со ќерката Анастасија која ја прашала само едно.
– Се грижиш малку? – било прашањето на Анастасија.
– Тоа трае осум часа, тоа е многу – и одговорила Светлана.
Во актуелната емисија, во која главни актери се членовите на семејството Ражнатовиќ, наследничката на Цеца, Анастасија откри дека била со мајка си на консултациите во споменатиот град.
– Неколку дена пред тоа бевме заедно на консултации во Истанбул – изјави Анастасија.
Инаку, пејачката пред девет години имаше компликации со рбетот и тоа заради преголемите силиконски импланти, пишува српскиот „Информер“. Таа тогаш мораше да ги извади и да ги намали градите, а за тоа отворено зборуваше во медиумите, не криејќи го својот проблем.
„Имав интервенција на градите која не беше само заради естетски причини туку пред се имаше здравствен карактер. По пат направив и корекција на нивната големина, а приоритет ми беше здравјето“, изјави тогаш Цеца.
Инаку Цеца неколку дена по закрепнувањето од тешката операција се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ и направи хаос.
Цеца Ражнатовиќ ги воодушеви сите со своето последно модно издание. Таа се појави во кариран костум во кој изгледаше прекрасно.
Карираниот дезен во црно-црвени бои ја истакна нејзината беспрекорна линија, а начинот на кој го носеше не можеше да помине незабележано. Имено, таа под сакото не носеше ништо друго освен црн градник со тантела, така што овој детаљ го украде вниманието и ги воодушеви сите.
Цеца целото издание го заокружи со голема црна чанта и својата широка насмевка што не ја тргаше од лицето.