Кафе муабет
Пред неколку месеци се омажи со бизнисмен од Данска а сега се разведува: По скандалот со сестра и повторно тежок период за Инди
Поднесоа документи за развод...
Пејачката Индира Арадиновиќ- Инди во октомври тајно се омажи за бизнисмен од Данска, а медиумите дознаа за тоа откако таа објави фотографија на својот Инстаграм профил.
– Не се чувствувам како невеста, бидејќи сум зрела жена. За мене бракот не е ист како кога имав 20 години. Се омажив за мажот што го сакам, а дали ќе биде вистинскиот – времето ќе покаже. Не бев во венчаница, бев во свечен фустан по повод свадба – истакна пејачката.
– Не го посакував тоа по секоја цена, едноставно ми се случи. Јас не сум некој што се гледа себеси како сопруга и мајка, јас сум уметник, тоа ми се има случено порано. Не објавувам детали бидејќи е нешто интимно и мое. Беше чудно, убаво, возбудливо, имаше различни емоции. Тој ден се запознаа нашите семејства, мислам дека е многу убаво. Интересно е и различно, имаше многу спонтаност. Ништо не се правеше за други, се беше интимно и убаво – рече Инди.
Но по се изгледа дека тој не бил вистинскиот, бидејќи пејачката пред неколку дена изненади многумина со своите објави на Инстаграм.
Имено, таа ги напишала причините поради кои се разведува, како и што и недостасувало во бракот.
Таа додаде дека подготвува документи за развод, како и дека нејзиниот, се уште легален сопруг, скија и ужива. Разводот на Индира Арадиновиќ на многумина им беше тежок, па и испратија пораки со поддршка, а пејачката јавно им се заблагодари.
– Никогаш не беше тука кога ми требаше како поддршка, прегратка и да сподели среќа и болка со мене. Од најмалата до најголемата ситница. Додека моите најблиски си заминуваат – започна пејачката.
– Го подготвувам своето тело за операција и, во исто време, не брзам да ги потпишам документите за развод што тој веќе ги потпишал. Моето мало момче уште се фали како скија во планина. Здраво тело здрав дух. Со што се гордее будалата, мудриот се срами. Притоа, во ситуацијата во која се најдов со сопствената сестра, тој не зеде авионот, не седна и не дојде да биде со мене како другар и пријател, и бивши – напиша пејачката.