Дом и семејство

Пред да се омажи за сегашниот сопруг Илда беше во врска со 30 години постар бизнисмен: Не сакаше да се ожени со неа, па таа го остави

Денес е во хармоничен брак...

Пејачката Илда Шаулиќ наскоро ќе прослави седум години брак со поранешниот спортист и бизнисмен Бојан Вучковиќ, а малкумина знаат дека таа пред него била во романтична врска со 30 години постар од неа.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Како што еднаш изјави популарната пејачка, тој е бизнисмен, а разликата во годините не била пречка за нејзината љубов.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Тие започнале љубовна врска кога пејачката била во раните дваесетти години, а Илда со овој бизнисмен поминала 15 години.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Неговата возраст никогаш не ми пречеше, напротив. За да функционира добро врската, мажот мора да биде постар од партнерката, бидејќи е позрел и знае што сака од животот – истакнала пејачката во едно интервју.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Некои работи не се случија во вистинско време. Кога нашата љубов беше на врвот и кога најмногу сакав брак, семејство, деца, мојот партнер не беше подготвен за тоа. Потоа запловив во светот на музиката и бев преокупирана со мојата кариера. Набргу потоа тој сакаше се што јас сакав претходно, но мојот живот во тој момент имаше друга смисла – рекла Илда.

-Иако многумина, како мене, веруваа дека ќе завршиме со брак, за жал дојде до разделба. Сега продолжувам понатаму. Најважно е што останав во добри односи со бившиот партнер и дека ќе имам заштитник во него кога и да е потребно – изјавила Илда Шаулиќ по раскинувањето.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

После тоа, пејачката се заљубила во осум години постариот Бојан Вучковиќ, кој го познавала од детството па денес е во среќен брак.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Доволно е да се каже дека таткото на Бојан е еден од виновниците за љубовта на татко ми кон риболовот. Неговото семејство имаше викендица во Бановци, во која отидовме семејно – ја започна таа љубовната приказна за „Глоси“.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Меѓу нас немаше тинејџерски симпатии, бидејќи во тој период од осум години разлика, колку што е Бојан постар од мене, ги имаше многу. Тој отиде во Америка кога имаше 20 години, а јас само 12. Кога тој беше тинејџер, јас бев навистина дете. Братот на Бојан, Бранко ми беше најдобар пријател, бидејќи сме генерациски блиски. За Бојан, јас, Санела и Бранко бевме деца, па не му бевме интересни – рече тогаш таа и откри како изгледала нивната прва средба по долги години.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Мислам дека за него и за мене нашата прва средба, по долги години во кои не бевме во контакт, беше целосно изненадување. Кога седнавме да пиеме кафе, разговаравме како сите тие години да се гледавме секој ден. Можеби тоа ми беше невозможна мисија во тој момент, бидејќи ниту очекував ниту бев подготвена за врска и таков близок контакт со маж кој го познавам, а всушност не го познавам. Тоа беше многу специфична ситуација за мене, верувам и за него, но многу брзо и двајцата сфативме дека тоа е тоа и дека не погрешивме. Велам дека тој е мојата друга половина – открива Илда.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close