Кафе муабет
Пред да се ожени со Јелена Томашевиќ ја љубеше оваа девојка – тоа го криеше долги години!
На почетокот на врската, поранешната девојка на Иван Босиљчиќ беше таа која избегнуваше да се појавува со актерот...
Пред да ја круниса љубовта со пејачката Јелена Томашевиќ, актерот Иван Босиљчиќ важеше за заводник, но ретко во јавноста се појавуваше со девојка, се додека не ја запозна Тамара Благојевиќ.
Во тие години се шпекулираше дека тој е лудо вљубен во неа и дека го привлекува бидејќи му е поддршка во работата и има целосно разбирање за него. Не му прави проблем кога ќе остане на снимање подолго од очекуваното, ќе откаже да се види со неа од истата причина или кога ќе има љубовни сцени, бидејќи ги смета за дел од актерската задача.
– Следејќи ја мојата работа, Тамара сфати дека на секоја сцена и пристапувам подеднакво професионално, без разлика дали треба да се карам или да глумам заљубено. Таа, исто така, разбира дека љубовните сцени не ми носат поголемо задоволство од сите други. Кога емотивните ситуации на сцената не се сметаат за работа, животот сериозно се „преплетува“ – изјави тогаш Босиљчиќ.
На почетокот на врската, поранешната девојка на Иван Босиљчиќ беше таа која избегнуваше да се појавува со актерот на јавни настани и да се фотографира за медиумите, и покрај тоа што тој очајно сакаше да ја претстави избраничката пред јавноста, сепак безусловно ја почитуваше нејзината позиција.
– Го почитувам изборот на мојата подобра и поубава половина. Прашање е дали Тамара би можела да се носи со се што носи популарноста. На академијата нè подготвија за се што не очекува – рече тој.
Сепак оваа љубов не траеше долго, па парот реши да стави точка на романсата, а актерот набрзо се заљуби во својата сегашна сопруга.
Меѓутоа, кога Јелена и Иван раскинаа, се шпекулираше дека утеха нашол во Тамара, што тој го демантираше. Тврдел дека тие се само добри пријатели, кои продолжуваат да се гледаат повремено.
Сепак денеска Иван и Јелена важат за еден од најхармоничните парови, а брачната двојка неодамна прослави десет години откако се заколнаа на вечна љубов во градската црква во Горњи Милановац.
Довербата и разбирањето се клучот за нивната врска, а круна на љубовта е нивната деветгодишна ќерка Нина, која е центарот на светот на оваа популарна двојка.
– Секој брак е космос за себе и не би се осмелила да дадам било каков совет и да генерализирам на темата за правилата за среќен живот. Знам само дека е најздраво да се фокусирате на вашиот дом и на вашето семејство и да не се споредувате со никого – рече Јелена Томашевиќ претходно, додека нејзиниот сопруг има слично мислење.
– Бракот е задача со која треба да се справите. Тој мора да се негува. Бракот не е само брак и дом, туку како се однесуваш кон целиот свет. Ако го уредувате вашиот живот во однос на другите сфери, се враќате дома мирно и чисто. Куќата не е место каде што ги пуштате сите ваши вентили. Брачниот другар не треба да биде некој што ги трпи сите ваши маки. Треба да бидете искрени со него, и тој треба да ви помогне да го решите проблемот што го имате. Но, се што можете да направите сами, особено кога станува збор за деловни работи, треба сами да го решите, за да биде добро за вашата сопруга и вашето дете – рече Иван Босиљчиќ.
На прашањето што ја одржува брачната заедница силна, Иван рече:
– Она што е конкретно за нас е тоа што ние сме често, многу заедно. Иако гледате дека снимам во Русија, знајте дека стои цврст план зад тоа, дека сме таму заедно. Или дека доаѓам овде почесто отколку што знаат медиумите. Тој наш ритам да бидеме заедно, да бидеме заедно што е можно повеќе, можеби тоа не прави посилни.
Неодамна, Јелена коментираше како гледа на бракот и како го гледа своето партнерство со Иван.
– Бракот е духовен подвиг и тоа е заеднички раст. Сопружниците растат како луѓе и како емотивни партнери. Имавме среќа да се сретнеме на време и да сфатиме дека сме еден за друг – изјави пејачката.
Таа, исто така, прозборе и за љубомората и откри дали е присутна во бракот.
– Мислам дека љубомората е негативна емоција, иако многумина мислат дека е показател за љубов, но кога сакаш некого, треба да му дозволиш да ги живее своите соништа, живот и да ужива во својата работа. Имам среќа што Иван ме поддржува и што имам слобода да го правам тоа што го сакам, па среќна сум кога неговите успеси се во прашање – додаде Јелена Томашевиќ.