Кафе муабет
Прв пат по скандалот се огласи Душко Тошиќ: Им се обрати на сите и упати моќна порака!
Душко има забранет пристап до Карлеуша кој важи до 8-ми февруари!
Фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ се огласи откако во јавноста на големо се пишуваше за насилството врз неговата сопруга Јелена Карлеуша која го пријавила во полиција за семејно насилство.
– Почитувани, придружници, пријатели и членови на медиумите. Обично не сакам вака да ви се обраќам бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што повеќето медиуми го објавуваат последните денови и затоа сум принуден вака да да се обратам – започна Тошиќ и продолжи:
– Како што знаете и гледате, секаде сум претставен како насилник и во секој наслов јас сум лошата страна. Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Затоа сакав да знаете дека воопшто не се пронаоѓам во тие наслови на весниците! Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа би сакал да знаете дека и овој пат ќе останам доследен на себе, ќе игнорирам измислици и ќе чекам да мине ветрот против мене.
– Мислам и дека сите треба да ги пренасочиме мислите и енергијата кон нашиот најдобар спортист Новак Ѓоковиќ и да застанеме со него со сето срце! (Јас поминав низ слична ситуација во Кина). Ајде да бидеме со него! Па, среќни новогодишни и божиќни празници. Ви посакувам се најдобро! – заврши Тошиќ.
За потсетување, Тошиќ во петокот на 7 јануари претходно доби 48 часа забрана од полицијата бидејќи и удрил шамар на сопругата.
Обвинителството вчера предложи продолжување на оваа мерка, а судијата на претходна постапка го усвои предлогот, со што Душко има забранет пристап до семејниот дом и до пејачката до 8-ми февруари.
Полицијата во петокот, откако пејачката пријавила дека нејзиниот сопруг е насилен кон неа, отишла во нејзиниот дом, а таа одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава.
Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.
Целата оваа драма се случувала за Божиќ во семејниот дом на Дедиње, каде на свечен ручек биле присутни и членовите на семејството на Душко и Јелена. Засега не се знае која била причината за насилната и експлозивна расправија, но се знае дека Јелена околу 12.20 часот се јавила во полиција и пријавила дека Душко ја претепал.
Набрзо пред домот на парот пристигнала полициска патрола, која утврдила дека Тошиќ, наводно, прво ја плукнал Јелена, а потоа и удрил толку силно шлаканица што и го отсекол лицето. Дека нападот се случил потврдија двајца сведоци, членови на семејството – братот на Јелена, Марко и нејзината тетка Данијела, сестра на мајката Дивна.
Според извор на Информер, Душко прво ја плукнал пејачката во лице во семејната куќа, а потоа и удрил шлаканица.
Божиќниот ручек во домот на семејството Карлеуша-Тошиќ почна со супа, а заврши со пристигнувањето на полициската патрола. Сепак, ова ни оддалеку не е крај на најексплозивниот брак на српската естрада: Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ поминаа низ толку многу брачни кризи што е чудо што се уште се заедно.