Uncategorized
Први фотографии од децата на Јелена Бин Драи и богатиот шеик: Наследниците се копија на тато-
Таа е горда мајка...
Поранешната манекенка Јелена бин Драи пред две години го роди своето четврто дете.
Јелена со години живее во Дубаи, каде што е во брак со шеикот Саид, со кого има четири деца.
Не е тајна дека синовите на Јелена Бин Драи се исклучителни момчиња. Хилал и Хамдан се воспитувани со многу посветеност и внимание, а и покрај тоа што поранешната мисица сака да се пошегува на својот Инстаграм дека ја користат секоја прилика да и се качат на глава, таа всушност е многу среќна што родила ваква разиграни , љубопитни момчиња, и пред се чесни и фер.
Синовите на Јелена Бин Драи и Саид Бин Драи посетуваат двојазично училиште на арапски и англиски јазик во елитното училиште во Дубаи, а се и страсни шахисти. Гордата мама ја користи секоја прилика да се пофали со своите момци, па тоа направи и сега кога и двајцата ја освоија првата награда на шаховски натпревар.
– Беа упорни и ја постигнаа целта – напиша претходно Јелена под фотографијата од синовите со која првпат ги претстави во јавноста.
Синовите на Јелена Бин Драи имаат и помлада сестра Асја, додека како засилување неодамна им се придружи и најмладиот брат Рашид.
Манекенката избегнува да објавува фотографии од своите наследници на социјалните мрежи, но кога ја обзема гордост и среќа, се соочува само со позитивни коментари од нејзините следбеници, кои сметаат дека Јелена живее живот на принцеза од бајка во Дубаи.
Јелена еднаш истакна дека нејзиниот типичен ден изгледа како и на речиси секоја друга мајка. Кога станува, ги носи децата на училиште и градинка, ги извршува деловните обврски по еден час во секоја компанија што ја поседува, потоа ги зема децата, оди дома каде што се одмара, си игра со деца, плива, чита, гледа телевизија, оди на социјални настани или излегува со нејзиниот сопруг.
Таа вели дека воспитувањето на нејзините деца било исклучително лесно со домашна помошничка и дека благодарение на неа успеала да си го врати нормалниот животен ритам.
Да потсетиме, во 2003 година, Јелена се сретна со арапскиот бизнисмен Саид Бин Драи, чие богатство се проценува на две милијарди долари. Тие се венчаа во Дубаи во 2008 година, а на свадбата присуствуваа околу 300 гости.
Кога се омажи за арапскиот бизнисмен многумина ја критикуваа поранешната југословенска мисица дека се омажила заради неговите пари, но како минуваше времето, таа покажа дека богатството го мери исклучиво преку љубовта кон семејството што го изгради со својот сакан сопруг.
Поранешната мисица денес има синџир козметички салони и спа центри „Vanilla By Jelena” и „Chocholate by Jelena”, медицински центар, луксузен хотел, а е и успешна дизајнерка со своја препознатлива модна линија.
Таа во 1998 година беше Мис Југославија, Мис Фотогеничност и Мис интернет. Потоа патот ја води во Милано, а од таму во 2001 година заминува во Дубаи каде станува најбараната манекенка во Обединетите Арапски Емирати.