Кафе муабет
ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ВЕНЧАВКАТА: За двајцата ова е втор брак, поранешната на Слоба сите ја знаете, но овој бизнисмен е поранешниот сопруг на Јелена со кој има две деца!
Денеска се заколнаа на вечна љубов...
Пејачот Слоба Радановиќ денеска на Денот на вљубените го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна партнерка Јелена Ѓуричанин.
Имено, тие двајца се венчале во манастирот Дубница во Златар, кој бил изграден во петнаесеттиот век.
Јелена за овој посебен ден избра бела венчаница од тантела, а сите присутни коментирале дека изгледа прекрасно, како и дека блеска од среќа, пренесува Телеграф.
Освен невестата, вниманието на присутните го привлече и Радановиќ.
На венчавката освен кумовите и блиските роднини присуствуваа и децата на Јелена од првиот брак.
Свадбата била во кругот на семејството, а мајката на Слоба, Драгиња е пресреќна поради новата снаа.
„Многу сум задоволна од невестата, знае да готви, знае се“, истакна Драгиња Радовановиќ, која очекува внуче од Слоба и Јелена.
Инаку, Драгиња не криеше дека не ја сака претходната сопруга на Слоба, Кија Коцкар, за која немаше убави зборови, особено по нејзиното влегување во Задругата.
Бракот на Радановиќ со пејачката Кија Коцкар заврши по неговата јавна прељуба за време на реалното шоу „Задруга 1“.
И за Јелена и за Слоба ова е втор брак.
Првиот сопруг на Јелена, со кој има две деца, е бизнисменот Игор Марковиќ, кој живее и работи во странство и, како што изјави претходно за медиумите, од самиот почеток ја поддржува романсата меѓу поранешната сопруга и Радановиќ бидејќи најважно за него е дека мајката на неговите деца е среќна и исполнета.
-Јелена и јас не сме долго време заедно, иако се уште сме во брак. Таа долго време е слободна жена, па апсолутно нејзина работа е со кого се гледа – изјави Марковиќ пред три години.
Бившиот на Јелена тогаш откри дека двајцата имаат искрена врска, па меѓу првите дозна дека неговата поранешна сопруга се гледа со Радановиќ.
– Ние двајца сме во добри односи и веќе разговаравме на таа тема. Немам ништо против нејзиниот избор, таа е мајка на моите деца и сакам да биде среќна. Навистина не го знам нивото на нивната врска, знам само дека се гледаат- изјави тогаш Игор за Информер.
Марковиќ имаше можност да се запознае со популарниот пејач и за него има само пофални зборови.