Кафе муабет

Првиот сопруг ја изневери па се разведоа, во него најде утеха и заедно се повеќе од 13 години- ова е љубовната приказна на познатиот водител и неговата “Палчица”

За љубовта сведочат фотографиите на социјалните мрежи...

Еден од најпознатите актери и ТВ водители Тарик Филиповиќ  викендов го прослави својот 50-ти роденден. По тој повод сопругата Лејла Филиповиќ со емотивно видео му го честиташе роденденот.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

-Среќен 5️⃣0️⃣-ти љубов моја. Те сакам, напиша Лејла.

Таа на својот Инстаграм профил сподели и интересно видео кое го составила од негови, но и семејни фотографии.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

Во позадина се слуша песната „Мое Злато“ на Петар Грашо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)

Тарик и се заблагодари за прекрасните желби и напиша: „Благодарам љубов“.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

На гламурозната забава која ја организираше и на која присуствуваа пријателите и неговите најблиски Тарик во еден момент го грабна микрофонот и запеа за сите присутни, а еден од хитовите што ги изведе беше песната Лејла, на  Хари Мата Хари.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

Следбениците можеа да ја видат и чоколадната роденденска торта со свеќи и натпис „Тарик 50.“.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

Инаку, Тарик и Лејла се во брак од 2007 година. Лејла зад себе има брак со тенискиот тренер Дадо Мајоли.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

Тие важат за пар кој е во хармоничен брак без скандали цели 13 години.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

Имено Лејла остана запаметена по тоа што беше лишена од првото место на изборот за Мис во 1998 година, откако беше утврдено дека имало неправилности при гласањето три дена по завршувањето на натпреварот.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

Сепак, хрватската јавност не ја памети Лејла само по одземената круна, туку и по првиот брак кој заврши неславно.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

Како што тогаш известуваа хрватските медиуми, Лејла го фати својот прв сопруг, со кого има син, како ја изневерува по што веднаш поднесе барање за развод.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

Денес Лејла е во хармоничен брак со водителот и актер Тарик Филиповиќ, а пред да започнат љубовна врска се виделе само три пати.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

“Таа е родена како палчица … 1700 г … но денес … Прекрасна девојка со голема срце … Горд сум и среќен што сум, дел од нејзиниот живот 14 години … Среќен роденден на љубов “, напиша Тарик за 43 тиот роденден на Лејла и ги воодушеви фановите.

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

За нивната голема љубов сведочат и фотографиите кои парот ги објавува на социјалната мрежа Инстаграм…

фото инстаграм/Лејла Филиповиќ
фото инстаграм/Лејла Филиповиќ
фото инстаграм/Лејла Филиповиќ
фото инстаграм/Лејла Филиповиќ
фото инстаграм/Лејла Филиповиќ
фото инстаграм/Лејла Филиповиќ
фото инстаграм/Лејла Филиповиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close