Кафе муабет
Прва фотографија од ќерката на Хана и Грашо: Кумот и посвети емотивна порака која расплака многумина
Алба вчера замина дома...
Поранешниот кошаркар Дино Раѓа на својот официјален Инстаграм профил ја сподели првата фотографија од ќерката на Хана Хуљиќ и Петар Граша, малата Алба, посвети емотивна порака до малата наследничка на неговите пријатели.
-Колку среќа, емоции, љубов и солзи внесе во нашите животи оваа малечка рака, напиша 55-годишниот сплиќанец во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
Инаку, Хана Хуљиќ со мајка ѝ Вјекослава и ќерката Алба вчера го напуштија сплитското породилиште.
Девојчето дојде на свет неколку дена пред терминот, со царски рез.
Хана Хуљиќ се породи на 17 јули и на свет ја донесе малата Алба. Ќерката на Петар Грашо, долга 50 сантиметри и тешка 3150 грама, го добила името по таткото на Петар, Зоран, а нејзиниот дедо Тончи Хуљиќ даде детално објаснување.
Како што претходно открија името е изведено од латинскиот збор „албус“ што значи светол, јасен. На италијански Алба значи зори, па Петар и Хана се одлучиле за ова име во чест на неговиот татко Зоран.
Но, она што ги изненади сите е тоа што на Петар Грашо му се роди ќерката, која сега е на пат кон дома, а таткото не бил присутен. Имено, Петар е на летна турнеја и поради својот настап пропушти да ги помине првите денови на радост со Хана и Алба.
Првите фотографии од мајката и бебето покажуваат дека Хана се уште се опоравува од царскиот рез, а дека Алба е мирно, убаво девојче.
Од друга страна, Хана никогаш не криела дека целосно ја разбира работата на Петар и дека неговото отсуство овие денови не и пречи. Сепак, има зли јазици кои неговото отсуство во овој момент го сметаат за карма, но среќното семејство веќе од првиот ден одлучило да не се навраќа на злонамерните коментари.
За раѓањето на првата внука зборуваше и новопечениот дедо Тончи Хуљиќ.
Кога емоциите малку стивнаа и се наздрави за раѓањето на Алба Грашо, Тончи Хуљиќ даде изјава за Вечерњи лист во која откри дека доаѓањето на малата Алба сепак малку ги изненадило, бидејќи според планираниот датум , не ја очекуваа до шест часот.
– Се помина во најдобар ред, Хана беше многу присебна и храбра, уште еднаш покажа дека жените добро се справуваат со себе во вакви ситуации, додека ние мажите сме малку изгубени, изјави Хуљиќ за Вечерњи лист и додаде дека Грашо и Хана претходно се договориле за името на детето.
-Така било одлучено ако се роди девојче тоа да биде Алба, што на латински значи бело или светло, додека на италијански и шпански значи зора и изгрејсонце, а таткото на Грашо е Зоран, така што има врска. Да беше момче, ќе се викаше Тончи по дедото на Грашо, но и по самиот Тончи Хуљиќ.