Кафе муабет

По 24 години ја замени Данијела со нова девојка: Петар Грашо во врска со ќерката на негов пријател!

Според хрватските медиуми, новата девојка на Петар Грашо е четиринаесет години помлада од него. Се работи за Хана Хулиќ, ќерка на неговиот голем пријател и соработник Тончи Хулиќ...

Новата девојка на Петaр Грашо е ќерка на неговиот голем пријател и долгогодишен соработник, пренесуваат хрватските медиуми.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Веста дека децениската врска меѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ пропадна, ја изненади јавноста пред неколку месеци. Меѓутоа поголемо изненадување беше тоа што Грашо сега има нова девојка и тоа ќерка на негов близок пријател.

Фото инстаграм/Петар Грашо

Според хрватските медиуми, новата девојка на Петар Грашо е четиринаесет години помлада од него. Се работи за Хана Хулиќ, ќерка на неговиот голем пријател и соработник Тончи Хулиќ.

Фото инстаграм/Петар Грашо

Хана и Грашо соработуваа заедно за неговата песна “Srce za vodiča” , и меѓу нив уште тогаш се родија симпатии. Како што сега пренесуваат хрватските медиуми, романсата трае веќе некое време, а Хана го придружува Грашо на речиси сите настапи.

Иако извор близок до пејачот ја потврди оваа вест за хрватските медиуми, Хана и Петар се уште не се огласиле.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ
Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

За потсетување, Данијела и Петар решија да раскинат по 24 годишна врска, а таа вест ја шокираше хрватската јавност со оглед на тоа што со години важеа за еден од најхармоничните парови.

 

Тие се запознаа во 1995 година на Евровизија во Опатија, а заедно беа од 1997 година.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Слободен избор е тоа што не сакаме да зборуваме за нашата врска, остануваме на тоа уште од самиот почеток. И двајцата имаме кариери и не сакаме да одговараме на такви прашања.Порано ми пречеше, но сега не ми пречи прашањето кога и јас и Грашо ќе се земеме. Исто така,тоа го слушав четири илјади пати на ден. Всушност, работата е многу едноставна, ние нема да се венчаме и тоа е нашата конечна одлука. Самата помисла на тоа создава клаустрофобија, сè друго е убаво и бесплатно,истакна пејачката во една прилика.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close