Бременост
По четири момчиња конечно девојче: Поранешната мисица пресреќна- ова и беше најголемата желба!
Не е изненадувачки што плачеше од среќа кога дозна дека нејзината желба ќе се оствари...
На 37 годишната Даниел Лојд, поранешна мис на Велика Британија конечно ќе и се исполни најголемата желба.
Имено таа е мајка на четири момчиња а сега конечно очекува девојче. Затоа, не е изненадувачки што плачеше од среќа кога дозна дека нејзината желба ќе се оствари.
Даниел е мајка на четири момчиња Арчи (10), Хари (9), Џорџ (7) кои ги доби со поранешното момче Џејми О’Хара, додека со сегашниот сопруг Мајкл О’Нил има син Рони (3).
– Закажавме приватно откривање на полот и бевме многу нервозни. Очекувавме повторно да ни кажат дека ќе биде момче. Кога рекоа дека е девојче, плачев од возбуда – рече Даниел.
Нејзините синови исто така навистина сакаа да имаат сестра, па Даниел размислуваше за бирањена полот на бебето, иако не откри дали тоа навистина го сторила тоа. Кога порано јавно зборуваше за тоа, дека сака да избере пол за бебето, многумина ја осудија верувајќи дека не треба да си игра со природата, додека пак таа тоа го објасни како обична желба да има ќерка а нејзините синови вршеле притисок врз неа дека сакаат сестричка.
Секако, главната работа е бебето да биде здраво, а ако не е девојче, ќе се обидеме повторно – порано изјави манекенката.
– Имам одлична врска со мајка ми. Момчињата ќе одат со девојчињата или на фудбал, а девојките некако секогаш ќе бидат тука. Разговарам со мајка ми неколку пати на ден, сакам да имам таква врска и со ќерка ми – изјави Даниел.