Кафе муабет

ПО ЦЕЛИ 11 ГОДИНИ СИ ЗАМИНА ОД КАНАЛ-5: Водителката Билјана Дебарлиева со емотивен статус, еве што и беше најтешко

Водителката емотивно се раздели од Телевизијата...

И покрај нејзните долги години телевизиско искуство и професионален ангажман, се чини како времето ништо да не и може на една од најубавите жени кај нас – водителката Билјана Дебарлиева.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Но водителката освен со убавината ги плени телевизиските гледачи со својот шарм и позитивна енергија. Гледачи, пак, постојано коментираат за нејзината природна убавина и непосредност.

За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

„Одам на редовни козметички третмани, користам креми со заштитен фактор, зашто знаеме дека сонцето ја старее кожата, многу вода, овошје, зеленчук, позитивна мисла и насмевка. Би ја додала овде и генетиката и сето тоа заедно придонесува за свежина во изгледот“, раскажува шарматната презентерка за Женски магазин.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Во духот, мислите и однесувањето не се чувствувам како да имам 49 години. Не се плашам да ги прифатам како бројка, зашто ова всушност се и најубавите години. Возраста никогаш не треба да ни биде ограничување за некогаш, на некои работи да можеме да им се радуваме како деца“, вели Билјана за својот најубав животен период.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Неодамна Дебарлиева на социјалните медиуми објави дека по 11 години нема да биде дел од екипата на Канал-5 телевизија. На нејзиниот фејсбук профил таа се сликаше со своите колешки кои и посакаа среќа во новите предизвици.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

-Почнав со вести, точно во септември во 2011 години, и ете, завршив со вести. Не ми беше воопшто лесно, емоциите ме надвладеаја, не се малку 11 години“,  изјави презентерката и новинар за Женски магазин.  Билјана се потсети кои се’ емисии ги водела на Канал 5. -Читав вести, бев еден период во Утринската програма, речиси 8 години ја водев емисијата за здравство „Визита“, раскажа Билјана за Женски магазин која и претходно водеше семеjни емисии и Утринска програма на А1 телевизија, а почна во Македонската радио телевизија.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

„Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години. Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе. До нешто следно… ќе ми фалите“изјави Дебарлиева.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Денес, таа има своја емисија за здравство која се емитува на фреквенцијата на ТВ 24.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Три децении Деберлиева е во медиумскиот простор. Таа остана еден од омилените ТВ ликови, пред се поради нејзината професионалност, правилната дикција и  негувањето на македонскиот литературен јазик.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Билјана е мајка на две возрасни деца, Ана и Мики, и долги години во брак со Јован, со кој се запознала во Охрид, нејзиниот роден град.

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close