Кафе муабет

По скандалот во “Ѕвездите на Гранд” сега и Џани шокираше со оваа изјава: Поповиќ ги зема парите на време, од Гранд одамна нема ништо

Тој успеа сам без менаџер и продукција...

Фолкерот Радиша Трајковиќ- Џани во интервју за Ексклузив.рс открива дека неговите внуци се неговата најголема радост, но сепак не може да менува пелени!

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Додека тој им пее и ги забавува, баба Слаѓа прави се друго!

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

-Јас сум дедо, треба да уживаат со мене, а за останатото имаат мајка и татко, фала богу. По неколку лоши години корона, внуците се најдоброто нешто што ми се случи, истакнува фолкерот.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Јавноста можеше да забележи дека на свадбата на Вељко Ражнатовиќ, Џани беше еден од најзаслужните пејачи за убавата атмосфера, па на прашањето дали се дружи со Цеца, тој искрено одговори:

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

– Цеца беше една од првите што ни честиташе, но ние не се дружиме. Се слушам со многу колеги, ми се јави и Пејовиќ, но сите ми честитаа, а ќе се дружиме кога ќе заврши ова. Има време за тоа…

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Џани вели дека многумина му љубоморат и дека е разочаран од естрадата.

– Затоа што јас сум вистински брат! Никого не зае:бав, а љубомората ги јаде. Ретко се случува некој да посака некому добро, тоа е нашата естрада, а јас сум расположен сите да имаат повеќе од мене. Претпочитам сите да имаат повеќе пари и се од мене, само нека ја гледаат својата работа, не копајте по туѓите домови.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Веќе извесно време во медиумите се зборува за аферата мито во Гранд, кога еден од кандидатите ја обвини Снежана Ѓуришиќ дека наводно побарала пари од неговата мајка за тој да продолжи во следниот круг.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Џани е еден од ретките фолк пејачи кој успеа без позади него да стои оваа голема продукција а сега со оваа негова изјава шокираше многумина, кога истакна дека Гранд веќе одамна не е тоа што било порано.

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

– Секогаш му благодарам на Бога за тоа. Само Кемиш ми помогна кога го издадов мојот прв албум. Тој беше единствениот со мене, се друго требаше дебело да се плати. Сето останато го туркав сам, да немав добри песни и да не бев добар пејач, немаше да бидам никаде. Среќен сум затоа што не сум ничиј роб, немам ни менаџер. Ја имам сопругата за менаџер! Најлесно е да ги земеш парите и да бидеш роб, но јас не го сакам тоа. Гранд одамна го нема! Сето тоа помина… Порано беше, сега според мене е несериозно. Имаат убави емисии, но и Саша не е луд, не сум загрижен за него. Ги земал парите на време и сега го боли увото!- истакна Џани…

Фото Инстаграм/ Dzanimusic

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close