Кафе муабет

По разводот со Жика Јакшиќ водителката си најде нова љубов: Дајана Пауновиќ првпат со него во јавност и сите се прашуваат само едно (ФОТО)

На поменот на Шабан Шаулиќ се појави со мистериозен маж...

Емотивниот партнер на Дајана Пауновиќ повеќе од една година е целосна мистерија за јавноста.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

По разводот од Жика Јакшиќ, Дајана Пауновиќ најде љубов. Иако изјавува дека никогаш не била посреќна, и дека врската што ја има со новиот избраник е остварување на нејзините соништа, овој пат избра да ја премолчи својата љубов, па емотивниот партнер на водителката е целосна енигма за јавноста.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм
ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Меѓутоа, сега, на третата годишнина од смртта на Шабан Шаулиќ, таа се појави во придружба на мистериозен маж, а сите се запрашаа едно – дали тој е новиот емотивен партнер на Дијана Пауновиќ?

фото Стори.рс

Илда Шаулиќ и Дајана се најдобри пријателки и куми, а Дијана трета година по ред е тука да го поддржува семејството Шаулиќ и во најтешките моменти.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Но, овој пат на Новобелградските гробишта не дошла сама, туку во придружба на непознат маж. Дали е добар пријател или е тој новиот партнер на водителката времето ќе покаже.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Да потсетиме, пред неколку години продицентот на Гранд, Жика Јанчиќ и сега веќе поранешната сопруга Дајана Пауновиќ ставија крај на бракот кој траеше седум години.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Иако за многумина разводот значи и непријателство и некомуницирање, сепак познатата водителка вели дека тие двајца и по разделбата останале во добри односи и се многу добри пријатели.


Дајана вели дека секојдневно комуницираат воглавно поради обврските околу нивниот осумгодишен син Душан.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

– Јас не сум самохрана мајка. За Душан се грижи и неговиот татко. Се слушаме секој ден. Ние заедно го растеме Душан. Јас и мојот поранешен сопруг сме феноменални пријатели и така ќе остане засекогаш. Ние се штитиме еден со друг. Иако не сме сопружници, и не сме еден за друг, сепак ние сме родители на исто дете. Најголемата среќа на Душан е што го сакаме – рече водителката и додаде:

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

– Ние сме повеќе од пријатели. Постојано се слушаме. Не дај Боже да ми треба нешто или некој да ме повреди, Жика е секогаш тука за мене, но и јас сум тука за него во секое време. Имаме одлична врска и така ќе остане засекогаш – беше искрена водителка во интервју за „Блиц Супер ТВ“.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Таа тогаш откри дека е емотивно исполнета и дека има нов партнер по разводот.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

– Има некој што го заслужува моето внимание. Среќна сум и исполнета во секој сегмент од животот, но мислам дека јавноста не треба да ја интересира тоа. Јас сум јавна личност, подготвена сум за критики и пофалби. Знам дека не можам да ги задоволам сите, ниту пак сакам. Но, не сакам да откривам која е таа личност, не е важно – рече водителката.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм
ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close