Кафе муабет

По него лудуваа девојките а тој се затреска во 20 години постарата колешка- детали за аферата која ја раздрма естрадата!

Денес е во брак со Милица и има две деца...

Како што пишува дневниот печат, поранешната девојка на Бане Мојичевиќ била дваесет години постара од пејачoт, но тоа не го спречило да ужива во романса со неа.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Бане Мојичевиќ во првите години по победата на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ не можеше да побегне од „здодевните“ обожавателки кои сакаа да бидат во негово присуство ниту за момент, а имаше и такви кои направија се што можеа за да добијат статус девојки на популарниот пејач.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

И покрај борбите на младите дами да го освојат, срцето на пејачот од Краљево, според пишувањата на печатот, срцето му го украла 20-години постарата пејачка, која пошироката јавност во последните години најмногу ја препознава како поранешна сопруга на сопствениккот на Пинк.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Станува збор за Соња Митровиќ Хани. Во 2008 година на големо се пишуваше дека поранешната избраничка на сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, стапила во врска со Бане.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Се зборуваше и пишуваше дека одлично се сложуваат, секаде одат заедно и дека „генерацискиот јаз“ не им е проблем, бидејќи музичарот сака позрели, остварени жени како Хани.

фото инстаграм/Сандра Митровиќ

Се шпекулираше и дека Бане бил во врска со Хани само поради корист само затоа што има едно од најдобрите студија во Србија, со врвна опрема и уште подобри аранжери, но тоа сценарио брзо престана да биде интересно за медиумите. Сите се фокусираа на можноста за нивната романса, која за жал не траеше долго.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Набргу откако неговата љубовна врска со сопругата на Митровиќ стигна до медиумите, Бане ја запозна Милица, се ожени со неа и доби две деца.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Поранешната девојка на Бане Мојичевиќ, како и самиот тој никогаш не ги потврдија ниту ги демантираа наводите за романсата.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Момчето кое победи на “Ѕвездите на Гранд“ во 2013 година се ожени со долгогодишната избраничка Милица со која ги доби синот Радош и ќерката Маша.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Меѓутоа во летото 2017 година следуваше брачна криза за која пејачот долго молчеше во јавноста. Тој тогаш го напушти семејниот дом во кој живееше со сопругата и децата и некое време живееле одвоено.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

– Го познавам Бане, и неговата сопруга, но неа би ја познала само покрај него. Навистина, искрена да бидам, одамна заедно не сум ги видела. Тој е фин, културен, дури и многу фин, а знаете, велат дека таквит се најлоши, рече тогаш една соседка за оваа двојка.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Но Бане и Милица успеаја да ја надминат брачната криза, а Бане и самиот проговори за тешкиот период низ кој поминале.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

– Имаше несогласувања и проблеми кои ги решивме. Повторно живееме заедно, но вистина е дека едно време поминав во одвоен стан. Никој брак не е совршен, па ниту мојот. Оваа ситуација го зајакна нашиот однос. Повеќе нема премолчувања меѓу нас. Сега сите карти се отворени. Јас сум тој кој направи глупост. Поради некои мои размислувања го доведов нашиот брак во криза, а не беше во прашање никаква прељуба. Децата ни се уште малечки, но секако почувствуваат дека нешто се случува, иако се трудевме проблемите да ги решиме само меѓу нас, раскажа Бане за тоа како се смирил со сопругата и го спасил бракот.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Неговата сопруга Милица Мојиќевиќ не сака да се експонира во јавнсота и многумина би рекле дека таа е сосема обична „девојка од соседството“, која не ја интересира луксуз и скапа гардероба, иако сопругот ѝ е јавна личност.

фото инстаграм/Бане Мојичевиќ
фото инстаграм/Бане Мојичевиќ
фото инстаграм/Бане Мојичевиќ
фото инстаграм/Бане Мојичевиќ
фото инстаграм/Бане Мојичевиќ
фото инстаграм/Бане Мојичевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close