Кафе муабет
По мерка на баба: Исак Шабановиќ во Александра нашол се што барало неговото семејството!
Заедно се повеќе од два месеци...
Откако Исак Шабановиќ и Александра Младеновиќ потврдија дека се во љубовна врска, интересот на јавноста за овој печај од ден на ден расте.
Сите се прашуваат како Александра успеа да му го освои срцето на ова момче кое пред само неколку месеци изјави дека не е заљубен и дека поради природата на работата му било тешко да задржи девојка.
– Сега е малку потешко да се најде девојка, тоа сите го знаат. Тешко е да се најде личност која ќе ме гледа како Исак наместо како пејачот Исак, а тешко е и поради работата. Еве јас давам пример, наоѓам девојка од Белград, а утре сум во Словенија и мислиш дека ќе ми верува дека таму нема да флертувам. Не зависи од мене, од неа е колку ќе ми верува – изјави пејачот пред само неколку месеци и додаде дека и неговото семејство сака наскоро да се смири.
Меѓутоа, еден член имал посебен услов за неговата нова девојка.
– Се обидувам да најдам некоја, како што вели баба ми, само да е вработена. Моите немаат проблем со тоа која е и што е, што прави, само да работи, да има работа. Ако нивниот Исак престане да работи, да има кој да го храни, мислат на мене – изјави тој во емисијата „Практична жена“.
Потоа истакна дека бабите му се најголемата поддршка но и најголеми критичари, а најважно е што неговата нова девојка е пред се по мерка на неговите најблиски.
Со оглед на тоа дека Александра е една од најбараните пејачки, а патем и вистинска убавица, сигурни сме дека ги исполнила критериумите на неговата баба.
Заедно се два месеци…
Пејачката на големо задоволство на обожавателите неодамна откри нови детали за нивната врска.
– Убаво е, уживаме во љубовта. Тој дојде на мој настап и мислам дека прв ме забележа. Не обрнав внимание веднаш, па почнавме да се гледаме подоцна. Тој е многу срамежлив, но јас не бев првата што му пријде. Сè дојде спонтано – изјави Александра и додаде:
-Не ги запознав неговите родители, ги видов преку видео повик. Мама го запозна затоа што често е со мене и сега ме задеваат заедно.
Александра откри и што ја привлекло кај Исак, велејќи дека тој некако се истакнувал меѓу бројните додворувачи.
– Ме привлече неговата душа и искреност. Тој е внимателен, а денес е реткост да се најде таков човек – изјавила пејачката, пренесува Блиц.
Црногорскиот пејач со адреса во Белград, Исак Шабановиќ, минатогодишниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, за порталот „Аваз“ потврди дека е во врска со пејачката Александра Младеновиќ.
– Така е, јас и Александра сме во врска два месеци. Се обидовме да ја скриеме нашата љубов од очите на јавноста, но бидејќи и двајцата се занимаваме со музика и сме јавни личности, не успеавме. Можам само да кажам дека ни е убаво и дека уживаме во љубовта – призна Шабановиќ.
Минатата година Шабановиќ го освои второто место во „Ѕвездите на Гранд“, а Александра се прослави во 2015 година, со учество на популарниот музички натпревар.