Кафе муабет
ПО ДВА ПРОПАДНАТИ БРАКА ФАТАЛНИОТ ФАРУК утеха најде во 23 години помлада девојка- оваа убавица му го украде срцето!
Актерот ужива во љубовта!
49- годишниот Озџан Дениз се разведе пред минатата година, но конфузијата околу 49-годишниот актер и неговата 20 години помала партнерка сега веќе поранешна сопруга Фејзе Актан, одамна не престанува.
Покрај бројните расправии што наводно настанале заради неконтролираното трошење на пари од страна на поранешната манекенка, актерот сега тврди дека таа не ги исполнувала ни мајчинските обврски кон нивниот син Кузеј. Но ако можеме да им веруваме на турските медиуми, ѕвездата од „Истанбулска невеста“ и неговата поранешна сопруга уште ќе се сретнуваат на судот, и тоа затоа што Фејза за времето поминато со него бара 15 милиони фунти.
Иако нивната љубов по само 15 месеци брачен живот доби епилог на суд, овие поранешни љубовници веќе подолго време се во војна. Сепак, познатиот турски актер продолжи понатаму, па сега утеха најде во нова девојка.
Потсетуваме дека Озџан и Фејзе се обврзаа на вечна љубов во март 2018 година, по една година врска. Месец и пол подоцна им се роди синчето, но среќата кратко траеше. Првите проблеми настанаа по осум месеци заеднички живот, а уште тогаш се шпекулираше дека нивниот брак завршил. Парот потоа демантираше тврдејќи дека се е во ред, што за жал не се покажа како точно.
Ѕвездата на „Истанбулската невеста“ сега најде утеха во нова љубов. Негова избраничка е 26-годишната Самар Дагдар, познат ирански моден дизајнер. Новата девојка на популарниот актер е 23 години помлада од него, а веста за нивната врска ги потврди заедничките фотографии на атрактивната двојка.
Самар Дагдар и Озџан Дениз на новите фотографии изгледаат многу заљубени, а според пишувањата на турските медиуми врската трае од почетокот на 2021 година.
Покрај тоа за љубовниот живот на Озџан се пишуваше и пред да го доживее овој бродолом со помладата сопруга.
За потсетување, пред Фејза актерот беше во врска со актерката Хандан Дениз, која нивниот однос не го памти по убаво.
Хандан пред 12 години го тужеше својот поранешен сопруг и бараше од него да и ги врати парите, бидејќи со свои пари ги издржувала него и неговата љубовница, кои едно време наводно живееле во Германија.
Судскиот спор таа го изгуби, но затоа реши да напише книга за нивниот заеднички живот која се уште не е објавена.
По неуспехот со првата сопруга, Фарук од „Истанбулската невеста“ внимателно избираше со кого ќе го помине остатокот од животот, но очигледно дека повторно не му се насмеа среќата. Тој по разводот од Хандан живееше со својот постар брат и снаата. Тие беа во брак цели десет години, но никогаш не основале семејство, па тоа најверојатно и најмногу му пречеше и на познатиот актер.
„Хандан е одлична актерка и беше партнерка со која најмногу се согласував. Заедно двајца поминавме многу години, ми беше вистинска потпора, како и јас на неа. Едноставно, нашиот живот тргна во различни насоки но и покрај тоа, јас се уште ја ценам многу“ – вели актерот за неговата поранешна сопруга за која никогаш нема кажано ниту еден лош збор.
Ги потпишаа документите за развод во 2000 година, а до 2018 година се забавуваше на свој начин. Иако не водеше активен ноќен живот, честопати како што самиот призна во една пригода, носел разни жени во својот кревет и имал авантури кои траеле само една ноќ. Сепак, тој бил уморен со годините и почнал да размислува за улогата на татко.
И тогаш во неговиот живот се појави „неконтролираната“ Фејза. Станаа пријатели, ја започнаа својата романса, па набргу се свршија, а за брзо време дојде и детето. Koга се роди, неговиот татко беше пресреќен. А и самиот изјави дека едвај го дочекал.
„Мојот син е решение за сите мои трауми и проблеми во животот. Едвај чекам да почне да зборува и да трчкаме заедно и да бидеме главни фаци во паркот. Тој сега е смислата на мојот живот”, изјави тој во една пригода.
И сега, по крахот и во вториот брак, многумина веќе коментираа дека познатиот актер се оженил со манекенката само за да добие дете.
Но како што пренесуваат турските медиуми, и таа имаше некои придобивки. „Едвај чекаше да го роди бебето, па да може да почне се однесува како што сака. Но, тој повеќе не можеше тоа да го поднесува.
Жал ми е што ова му се случува, бидејќи тој веќе има еден развод зад него. По овој брак, тој секогаш внимателно избираше со кого ќе го помине остатокот од својот живот, но изгледа дека направи грешка“ – изјави пријател на актерот.