Кафе муабет
ДЕТАЛИ ОД ГАЛА СВАДБАТА: Летаа евра, Дарко Лазиќ највесел, Марко со трубачи тргна кај Катарина Грујиќ- настана хаос па интервенираше полицијата
Поради прославата направиле метеж во сообраќајот...
Денеска фудбалерот Марко Гобељиќ и пејачката Катарина Грујиќ ја прават својата свадба.
Фудбалерот и другарите пред да заминат кај невестата славеа во кафуле, а друштво им правеше пејачот Дарко Лазиќ кој беше меѓу најсреќните гости.
Од раните утрински часови се собраа во кафуле каде се загреваа со жива музика пред да заминат кај невестата Катарина Грујиќ која ги чекаше во својот дом.
Покрај Дарко, микрофонот го зеде и Немања Сталетовиќ кој ја загреа атмосферата, а на прославата пристигна и колегата на Марко, фудбалерот Вујадин Савиќ.
Атмосферата буквално „вриеше“ кога Лазиќ го испеа познатиот хит “Ajde srećo moja zakuni se ti”, а потоа сите гости станаа на нозе и почнаа да ги китат Лазиќ и музичарите во евра.
По забавата во кафеана, Марко со трубачи се упатил во вилата каде го чекаше пејачката , а потоа пристигнала и полиција бидејќи имало метеж.
Имено, полицијата ги замоли гостите да не прават хаос, да ги извршуваат обичаите што ги имаат бидејќи низ улицата не можат да минуваат автобуси и автомобили поради прославата.
На гламурозната прослава на гостите ќе им бидат послужени најскапите пијалоци, ќе има торта од 15 ката, а невестата облече фустан од 20.000 евра.
За добрата забава ќе се погрижи оркестарот на Аце Софронијевиќ, но невестата очекува во подигнување на атмосферата со својот глас дополнително да придонесат и нејзините гости, колеги од естрадата.
– На мојата свадба ќе биде половина од естрадата, па се надевам дека секој од нив ќе отпее барем по една песна – низ смеа рекла невестата.
-Ката на црквената церемонија ќе носи раскошна долга венчаница од албанскиот дизајнер Валдрин Сахити, која чини ни помалку ни повеќе, туку 20.000 евра! Со неа ќе носи специјално направена пунџа – открил извор близок до пејачката.
– После тоа ќе облече друг фустан со различен крој. Ќе биде долг и тесен, а го потпишува Хусо Чорбиќ, нејзиниот долгогодишен дизајнер од Босна. Тој и направи и трет, секси и краток мини венчален фустан, кој ќе го носи за самиот крај на веселбата која ќе прерасне во забава, а за која се надеваат дека ќе трае до крајот на ноќта.
Само ден пред свадбата, Ката го посетила својот долгогодишен фризер Пеџа Божич, кој и ја обоил косата во малку потемна нијанса.
По тој повод ги испробаа сите фризури кои пејачката ќе ги носи денеска, од оригиналната пунџа до пуштена и, на крај, виткана коса со посебен накит на главата.
Пејачката откри и дали е нервозна пред венчавката.
– Трема? Знаете Марко е веќе мој, мој е! Ние сме веќе во брак. Се надевам дека се ќе биде како што замислив, не знам. Веројатно ќе бидам нервозна сега кога се ќе почне – изјави Катарина Грујиќ за српски Курир.