Кафе муабет
ПОЧИВАЈ ВО МИР МАЈКО ДАНИЦЕ – Драгица Стевковска Дракче емотивно се прости од свекрвата
Дракче со емотивна објава на Фејсбук се прости од свекрвата...
Драгица Стевковска или во јавноста позната како Дракче, важи за ведар и позитивен лик. Со својата позитивна енергија умее да ја развесели својата публика, а нејзините емисии секогаш биле едни од најгледаните.
Фото:Фејсбук/Драгица Стевковска
Народот ја знае по нејзината емисија „Патот на светлината“, во која таа им ги толкуваше соништата на своите гледачи.
Фото:Фејсбук/Драгица Стевковска
Долги години е во брак со пејачот на патриотски песни Орце Стевковски.
Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Ангелина и Александра, а најголема радост им се петте внучиња: Јана, Андреј, Марко, Ема и Алек.
Фото:Фејсбук/Драгица Стевковска
Својот спокој го наоѓаат во нивниот дом во селото Ржаничино, Петровец во Скопје.
Фото:Фејсбук/Драгица Стевковска
Дракче успеа да ја победи тешката болест, па со тоа дополнително стана инспиративна за оние кои ја следат.
Фото:Фејсбук/Драгица Стевковска
И Драгица, а и Орце се доста активни на социјалните мрежи, каде понекогаш знаат да објават и приватни фотографии.
Фото:Фејсбук/Драгица Стевковска
За Орце е познато дека важи за голем патриот.
Фото:Фејсбук/Драгица Стевковска
Тој често споделува на социјалните мрежи снимки од своите настапи.
А со последната негова објава пејачот емотивно се опрости од неговата мајка.
Фото:Фејсбук/Орце Стевковски
-Почивај во мир мајко моја мила, нека ти е лесна земја. Денес од моите раце го касна последниот залак леб, те гушкав, те милував и го слушав последниот здив.
Фото:Фејсбук/Орце Стевковски
Почвај во мир, до последен миг не делеше од своите чеда, се гордеам што ме роди, се гордеам што секогаш беше силна и не делеше никој од твоето срце.
Нека ти е вечна слава мајко моја мила“, напиша нашиот познат фолк-пејач на својот Фејсбук профил.
Фото:Фејсбук/Драгица Стевковска
Објавата ја сподели и неговата сопруга Драгица Стевковска Дракче па под фотографијата од нејзината свекрва напиша:
,,Почивај во мир мајко Данице’’.
Фото:Фејсбук/Орце Стевковски