Нега и здравје
Постојано ја навредуваа поради дебелината, но погледнете како изгледа сега, ќе се изненадите!
Меѓутоа, како што растев, така се зголемуваа и навредите што ги слушав за себе и целосно ја изгубив самодовербата...
Инфлуенсерката Елизабет Вајс реши да ги охрабри сите жени кои се борат со прекумерната тежина и јавно ја раскажа својата емотивна приказна.
Таа откри низ каков пекол минувала поради дебелината, но со големата упорност и поддршка од нејзиното момче успеала да ја доведе линијата до совршенство, за денес да биде задоволна и среќна поради трансформацијата.
-Од првиот училишен ден секогаш бев најголема во класот и тежев колку наставничката, а не како моите врсници. Сите во моето семејство се дебели и отсекогаш сум била многу свесна за тоа, така што практично секогаш сум била на диета, секогаш без успех. Се навикнав на навреди на сметка на моето тело и се плашев од физичко образование бидејќи нема да можам да го правам тоа што го прават моите врсници без ни малку труд, вака ја започнува Елизабет својата приказна.
-Бев многу повлечена поради тоа. Потоа дојде на ред средното училиште и ми се чинеше дека јас сум единствената од сите девојчиња со прекумерна тежина. Ми велеа дека сум „свиња“. До средно училиште секогаш бев најдобар ученик. Меѓутоа, како што растев, така се зголемуваа и навредите што ги слушав за себе и целосно ја изгубив самодовербата. Веќе не добивав петки. Бев подготвена на се, само некој да ми покаже малку внимание. Имав дечко кој постојано ми велеше: „Имаш среќа што сакам да бидам со тебе, навистина си огромна“. Мислев дека никогаш нема да бидам среќна во животот, ниту ќе најдам некој што ме сака целосно, пишува инфлуенсерката Елизабет Вајс.
-Годините минуваа и при крајот на средното училиште, следеа ментални кризи. Ми беше дијагностицирана клиничка депресија, страдав од анксиозност и имав самоуб-иствени намери. Имав напади на паника неколку пати на ден, понекогаш дури и се онесвестував. Постојано мислев дека сега ми се оштетени телото и умот, дека нема ништо добро во мене. Изгубив секаква надеж и се изолирав од сите. Тогаш моите родители ме испратија на терапија која траеше осум недели. Почнав повторно да функционирам полека. Кога се вратив на училиште, почнаа гласини дека имам нервен слом и сите ми велеа дека не треба ни да се вратам.
Поради една покана за пријателство и се промени животот!
И тогаш, во тој период, добив покана на Инстаграм од еден дечко по име Дарио. Го прифатив и сите слики му се допаднаа. Почнавме да се допишуваме, а потоа разменивме телефони. По два месеци секојдневна преписка, ме покани на состанок и конечно ја најдов среќата.
-Дарио ме сака таква каква што сум. Ме носеше на секој преглед и со мене одеше на психијатар. Секогаш ме потсетува колку сум силна и убава. Тоа е подобро од било кој антидепресив. Не ми дозволи да се чувствувам лошо бидејќи бев двојно потешка од него. Го исмеваа поради односот со мене, а најлошите навреди беа упатени кон мене, но тој не обрнуваше внимание на тоа. Мојот живот конечно стануваше подобар. Сепак, јас се прејадував. Јадев толку колку што би изеле 10 луѓе. Еден оброк би бил 5 крофни, 10 стапчиња моцарела, 4 чоколади, кинеска брза храна, 10 пилешки медалјони, помфрит и милкшејк. Продолжив да се дебелеам и станав морбидно дебела. Ја гледав емисијата „Мојот живот со 300 килограми“ и се прашував кога ќе завршам таму. Плачев и му реков на Дарио дека сакам да ослабам, но никогаш не се трудев. Ми велеше дека веќе сум совршена.
Следеа здравствени проблеми поради дебелината – дијабетес, дигестивни проблеми и синдром на полицистични јајници. Имав само 21 година и телото ми се распаѓаше и јас бев виновна за се. Секој доктор ме предупредуваше дека морам да ослабам, но јас ништо од тоа не сфаќав сериозно.
Тогаш на Фејсбук забележав дека девојката што одеше во средно училиште со мене изгледа фантастично. Прикаќи фотографија од нејзината исхрана и покажа како изгледа, а потоа видов дека има посебен профил на Инстаграм поврзан со храната. Тоа ме инспирираше.
На 1 февруари 2018 година отидов во теретана и во програмата Weight Watchers, каде што беше и таа девојка. Веќе во првата недела ослабев шест килограми, а не се откажав од ништо.
Дарио повторно беше со мене. Бараше рецепти со мене, смислуваше што да готви, ме охрабруваше додека вежбам. Кога ги изгубив првите 30 килограми, самата го отворив фитнес профилот на Инстаграм за да бидам уште помотивирана и да ги мотивирам другите. Таа заедница на Инстаграм целосно ме прифати и наеднаш имав и пријатели! Седум месеци подоцна, бев полесна за 45 килограми. Всушност, бев толку успешна што се вработив во Weight Watchers. Денес имам 36.000 следбеници на Инстаграм со кои споделувам се што сум научила. Работам со големи брендови како инфлуенсер и никогаш не сум била посреќна. Работам две работи и одам на факултет а воедно имам енергија и волја за се.