Дом и семејство
Последните зборови му ги кажа нему: Џанлука Ваки скршен од болка, во петокот се слушнале со Синиша Михајловиќ, заедно плачеле а еве што му кажал тој…
Со трогателна порака се прости од пријателот...
По повеќе од 26 години заеднички живот и неизмерна љубов, неутешната Аријана Михајловиќ го загуби својот сакан Синиша, кој за жал ја загуби последната битка со леукемијата.
Заминувањето на легендарниот фудбалер и тренер е голема трагедија за фудбалскиот свет, а најголема за неговите деца и неговата сопруга, кои најдоа сила и преку социјалните мрежи со потресни зборови се простија од Синиша, а неговата сакана скршена од болка, изрази длабоки емоции кои ќе ви го скршат срцето.
– Ти ветив љубов… Ќе се грижам за нив, не грижи се. Нашето најголемо ремек дело! Никогаш нема да престанеме да те сакаме – неутешната Аријана Михајловиќ му посвети порака на „Инстаграм“ на човекот кој беше дел од нејзината душа и столбот на нивното семејство.
Италијанскиот милионер Џанлука Ваки кој јавноста го познава како најзгодниот дедо, е еден од последните луѓе што се слушнале со Синиша Михајловиќ.
Легендарниот фудбалер почина во петокот, два месеци пред својот 54-ти роденден, оставајќи ги зад себе сопругата Аријана и шест деца.
Џанлука Ваки со емотивна порака на својот инстаграм профил се прости од својот пријател и рече дека засекогаш ќе ги памети последните зборови на Синиша Михајловиќ.
– Здраво пријателе, му благодарам на Бога што во петок можев да те поздравам телефонски. Секогаш го имаше истиот дух и истата желба да се насмееш и да се бориш. Колку лекции ни даде, низ колку борби требаше да поминеш и колку енергија ни даде со твојата насмевка зад која стоеше огромно срце. Кога летово ми се јави и рече дека мојот документарец ти дава сила, бев трогнат и плачевме заедно. Секогаш ќе бидеш во моето срце, пријателе, те сакам – напиша Ваки.
Никој никогаш нема да заборави колку Миха беше храбар во својата борба, со колку сила и волја се справи со болеста, која еднаш успеа да ја победи. Никој нема да заборави дека никогаш не се поколебал и дека благодарение на поддршката од семејството, лесно ги прифатил сите промени и предизвици.
– Животот е фантастична работа, особено кога поминуваш низ нешто како што сум поминал јас. Тогаш уживате во секој момент, во секој детал. Практично сум роден два пати. Прво во февруари 1969 година, а потоа 50 години подоцна. Да се види силна личност како плаче е посебна работа, со болеста научив да ги изразувам моите емоции, научив да плачам и не се срамам од тоа. Никој не треба да се срами. Пред тоа чував се во себе потоа сфатив дека плачењето е добра работа, како и покажувањето љубов кон луѓето – зборуваше Михајловиќ по првиот бран на хемотерапија и значителното закрепнување.
– Никогаш не сум изгубил надеж, но да го сонувам мојот погреб, неколку пати, е многу чудно. Сето тоа го поврзав со мојата желба да се борам. Ја нахранив мојата храброст. Секако, лекарите одиграа голема улога во сето ова, бидејќи без нив ќе бев храбар, но немаше да успеам – рече покојниот Миха, кој со својот пример им даде сила на другите луѓе да се борат и да не размислуваат негативно.