Кафе муабет
Порасна во вистинска убавица: Погледнете како изгледа внуката на легендарниот Љубиша Самарџиќ!
Сара има 27 години и плени со својата природна убавина...
Легендарниот актер со македонско потекло Љубиша Самарџиќ поч-ина во 2017 година на 81-годишна возраст.
Неговиот живот го одбележа голема трагедија кога го загуби синот Драган, кој поч-ина на 34-годишна возраст од леук-емија. После оваа голема трагедија, единствената утеха ја бараше кај неговите внуци.
Внуката на Љубиша Самарџиќ, ќерка на неговиот покоен син Драган, Сара прерасна во вистинска убавица а нејзиниот изглед не може да остане незабележан.
Имено таа е млада прекрасна девојка која воедно е и многу популарна на социјалните мрежи.
Сара има 27 години и плени со својата природна убавина, што ќе ја забележат сите штом ја погледнат. Таа е многу активна на социјалните мрежи, каде секојдневно објавува фотографии од нејзиниот живот, а многумина коментираат дека има чувство за мода, и дека се облекува убаво и може да биде рамо до рамо со светските блогери.
Патем, смр-тта на нејзиниот дедо беше многу тешка и и требаше некое време да се опорави од толку голема загуба.
– Имав среќа што те познавав 23 години, уште кога бев мала и не разбирав како е да се биде актер и да се биде славен, дека се лутев кога приоѓаа непознати луѓе додека шетав со дедо ми, што плачев на сцените на еден полицаец од ридовите во Петлово, бидејќи како може дедо ми да седи со 4 жени, а ниту една не е баба ми, затоа што сакав да ме носиш во канцеларија и на снимање и да доаѓаш да ме земеш од градинка, како и кога ме земаше во раце и танцуваме, до денес кога можам да кажам дека си ми бил пример и голема поддршка. Мислам дека е излишно да се спомене твојата кариера и колку ми беше чест да бидам твоја внука- на таква легенда. Ти ми покажа што значи борба и колку имаше сила и волја во твоето срце.Знам дека си среќен таму горе и дека после толку години повторно си со твојата Гага. Не грижи се, ти не остави нас жените во сигурни раце, Стефке ќе се грижи за нас овде, тој сега е глава на куќата, а ти и Гага сте во рајот. Дедо, а сега збогум – напиша тогаш Сара.
Инаку Љубиша Самарџиќ беше познат под прекарот Смоки. Роден на 19 ноември 1936 во Скопје тој беше еден од најпознатите српски и југословенски глумци.
На 8 септември 2017 тој поч-ина по долго боледување во Белград каде живееше и работеше. Кон крајот на 2016 година бил опериран поради тум-ор на мозокот, по што останал неподвижен.
Инаку Самарџиќ е роден во Скопје во семејство на рудари во 1936 година. Студирал право но потоа се префрлил на Академијата за драмски уметности во Белград. Благодарение на стипендијата на режисерот Бојан Ступица, започнал да глуми во театарот.
Првата улога ја остварил во филмот „Прекобројна“ на Бранко Бауер, а потоа следувале низа филмови, „Денови“, „Десантот на Дрвар“, „Битката на Неретва“, за која ја добил и наградата Гранд При во Ниш. За улогата во филмот „Утро“ е награден и на филмскиот фестивал во Венеција. Долго време глумел во партизански филмови, а напоредно остварил и голем број улоги во телевизиски серии „Жежок ветер“, „Есента доаѓа, дуњо моја“, „Враќањето на отпишаните“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Каде одат дивите свињи“. Во 1988 ја добил тогаш највисоката државна награда „Авној“, кој првпат се доделила на филмски глумец.