Кафе муабет

Поранешната на Дарко си фати нов фраер- Марина се пофали со новото момче на Инстаграм!

Марина и Дарко ја прекинаа романсата поради неговата нова девојка Барбара Бобак, по што Гагиќ почна се повеќе да се рекламира и да открива детали од нивниот живот...

Марина Гагиќ пред неколку месеци стави точка на врската со пејачот Дарко Лазиќ, а сега изгледа повторно е среќна во љубовта.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Имено, поранешната свршеница на Дарко очигледно си најде ново момче, а тоа не го крие од јавноста. Таа вчера на својот Инстаграм објави фотографија на која наздравува со млад човек на кого не му го покажа лицето, туку стави емотикон што означува заљубеност.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото архива
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Да потсетиме, Марина и Дарко ја прекинаа романсата поради неговата нова девојка Барбара Бобак, по што Гагиќ почна се повеќе да се рекламира и да открива детали од нивниот живот.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Моментално Дарко и Марина се на суд за да донесат одлука околу нвниот сн Алексеј.
Поради патувањето во Египет Дарко го пропушти првото рочиште.

– Дарко не се појави очекувано. Знаев дека нема да дојде. Следното рочиште е закажано за следниот месец, па ќе видиме дали ќе дојде.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Таа, исто така, ги откри своите барања и услови.

– Целосно старателство. Алиментацијата не ми е толку важна како целосното старателство. Чувствувам дека подобро го чувам детето од него и дека повеќе се грижам за Алексеј.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

На прашањето дали мисли дека Дарко го избегнува судењето, таа вели:

– Не знам дали избегнува, но знам дека вчера отиде на меден месец, па тоа е причината зошто грижливиот татко не дојде на судењето.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Се збогати по раскинување на веридбата…

Марина Гагиќ профитираше од раскинувањето на веридбата со Дарко Лазиќ. Бидејќи повеќе не е со пејачoт таа, живее од реклами на Инстаграм. И дека, како што велат нејзините пријатели, таа заработува одлична сума на пари, дури и до 3.000 евра месечно.

Фото Нови.ба

Бидејќи веќе не е со Лазиќ, бројот на нејзините следбеници на социјалната мрежа се зголеми, таа се појавува во медиумите, па на многумина им стана интересно да и понудат соработка. Судејќи според нејзиниот профил, таа прво започна да рекламира бутик во Нова Пазова, но сега листата на клиенти се прошири.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Марина, како што би рекле оние што ја познаваат, на вистински начин ја искористи популарноста што ја стекна како поранешна свршеница, но и мајка на нејзиниот син со Дарко Лазиќ. Марина додека беше со пејачот се посвети на семејниот живот, а Лазиќ беше тој што заработуваше. Работите се сменија откако таа одлучи да го напушти, бидејќи повеќе не сакаше да ги трпи неговите пороци, измами и арогантен начин на живот.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Таа веќе ги нема парите на Дарко, па почна да заработува сама. Таа стана инфлуенсерка и постојано има понуди за соработка. Сега, на својот профил, таа рекламира облека, шминка, ресторани, сместување надвор од Белград и други работи. Цената е околу 500 евра за една објава, додека постовите кои ги објавува и кои остануваат трајно се до 1.000 евра. Иако сега добро заработува, Марина нема да се откаже и на суд ќе побара Дарко да плаќа по 500 евра месечно.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Таа тврди дека Лазиќ не го гледа детето често и не му дава пари, поради што одлучила да го тужи. Како што веќе пишуваа домашните медиуми, Гагиќ бара целосно старателство и месечна алиментација во износ од 500 евра. Првото рочиште е за нешто помалку од еден месец, а Дарко за „Свет“ изјави дека нема да се согласи со нејзиното барање и дека таа е таа што го спречува да го види детето.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Секогаш кога ќе се јавам да го видам детето, Марина брза, нешто треба да заврши, нема време, па не одговара на телефон. Многу ми недостига син ми, глупаво е да го спомнам тоа. Се согласив дека детето треба да биде со мајката, но мојата желба е да го воспитаме заедно. Исто така, се согласив алиментацијата да биде 500 евра, давам повеќе од тоа. Не гледам колку давам бидејќи тој е мое дете и секако дека никогаш нема да дозволам да му фали ништо, иако секој што е запознаен со приказната вели дека толку алиментација е претерана. Не се жалам, не кукам. Им помагав на други, па логично е дека ќе го дадам последниот динар за моите деца – рече Дарко.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close