Новости
Поранешната мисица на Југославија е бремена – скокна во тавчето на шеикот од Дубаи и преку ноќ стана МИЛИЈАРДЕРКА!
Со арапскиот милијардер со години ужива во среќниот брак
Поранешната манекенка Јелена бин Драи (41) која е во брак со арапски милијардер е во блажена состојба.
Таа по четврти пат ќе се оствари во улога на мајка – од бракот со Саид бин Драи веќе ја ќерката Асја и синовите Хилал и Хамдан.
Како што објави српскиот „Стори“, Јелена е во рана фаза од својата бременост и строго води сметка за своето и здравјето на бебето.
Таа потполно се исклучила од јавниот живот и решила да ги отстрани сите видови на надворешен стрес.
Јелена се омажи во 2008 година со наследникот на едно од најмоќните семејства во Соединетите Арапски Емирати.
Таа пред половина година, во своето големо интервју за магазинот „Hello“ зборуваше дека има голема желба за уште едно дете.
„Ако не послужи среќата, ќе добиеме четврто дете“ – искрено изјави тогаш Јелена на која оваа желба брзо и се оствари.
Кога се омажи за арапскиот бизнисмен многумина ја критикуваа поранешната југословенска мисица дека се омажила заради неговите пари, но како минуваше времето, таа покажа дека богатството го мери исклучиво преку љубовта кон семејството што го изгради со својот сакан сопруг.
Синоним за успешна жена
Иако е посветена мајка, таа е и успешна бизнисменка која секогаш успева на време да ги заврши своите деловни обврски.
Поранешната мисица денес има синџир козметички салони и спа центри „Vanilla By Jelena” и „Chocholate by Jelena”, медицински центар, луксузен хотел, а е и успешна дизајнерка со своја препознатлива модна линија.
Таа во 1998 година беше Мис Југославија, Мис Фотогеничност и Мис интернет. Потоа патот ја води во Милано, а од таму во 2001 година заминува во Дубаи каде станува најбараната манекенка во Обединетите Арапски Емирати.
Кога беше на врвот од својата кариера, преку пријатели ќе го запознае својот сегашен сопруг, арапскиот бизнисмен Саид чие семејство е едно од најмоќните и најбогатите во Емиратите.
Тие ќе се венчаат во 2008 година на гламурозна свадба, на еден од имотите на Саид недалеку од Дубаи.
Две години подоцна ќе ја добијат ќерката Асја, 2011 година синот Хилали и 2013 синот Хамдан. Нивните имиња имаат посебно значења – според Куранот, Асја е сопругата на фараонот и првата жена што отишла во рајот, Хилал во превод значи Млада месечина, а Хамдан милослив.
Погледнете како изгледа нејзиниот раскошен дом во Дубаи: