Кафе муабет
Поранешната мисица која се омажи за шеик во Дубаи крие голема тајна од него: Јадам свинско само тој да не знае!
Имаат четири деца...
Јелена Јаковљевиќ Бин Драи јавноста ја запозна во 1998 година кога беше прогласена за мис на Југославија, за мис Интернет и за мис фотогеничност а остана запаметена по тоа што освои три од можните пет награди на еден натпревар.
Подоцна ја доби и наградата за деловна жена на годината, бидејќи е сопственичка на козметички ланец.
Покрај сите награди кои ги има добиено во приватниот живот, таа предизвикува голема бура. Јелена повеќе од десет години живее во Дубаи, каде се омажи за шеикот Саид Бин Драи, а на нивната венчавка присуствуваа повеќе од 300 гости.
Шеикот и Јелена имаат четири деца, деветгодишната Асија, осумгодишната Хилал, шестгодишниот Хамдан и бебето Рашид.
Србија ја посетува многу слабо, еднаш годишно, но и доколку обврските и дозволуваат.
– Во Србија доаѓам кога ми дозволуваат обврските околу палатата и кога сакам свински уши и опашки, само се надевам дека султанот нема да го прочита ова – изјави таа за „Телеграф“ и додаде дека никој никогаш нема да и прости за успехот што таа го постигна и вели дека секогаш ќе биде нападната со различни приказни, без разлика дали се вистинити или не.
– Да бидам искрена, ако фрлам камен на секое куче што лае по мене, нема да стигнам далеку – изјави поранешната мисица, сега успешна претприемачка, која ги коментираше и коментарите за тоа како живее во харемот.
– Секако дека живеам во харем. Јас сум вампирката Хурем. Мојот сопруг е Султанот Величествениот, тоа веќе го знаете, а за среќа има уште 147 жени, па не морам да го тепам и да го гледам секој ден за време на оваа пандемија – низ смеа рекла Јелена.
Нејзините родители, кои се просветни работници, инсистирале таа и нејзиниот брат Пеџа да завршат училиште и да се образуваат, а студирала архитектура, што може да се каже дека и не го завршила поради изборот за мис .
Кога се омажи за арапскиот бизнисмен многумина ја критикуваа поранешната југословенска мисица дека се омажила заради неговите пари, но како минуваше времето, таа покажа дека богатството го мери исклучиво преку љубовта кон семејството што го изгради со својот сакан сопруг.
Иако е посветена мајка, таа е и успешна бизнисменка која секогаш успева на време да ги заврши своите деловни обврски.
Поранешната мисица денес има синџир козметички салони и спа центри „Vanilla By Jelena” и „Chocholate by Jelena”, медицински центар, луксузен хотел, а е и успешна дизајнерка со своја препознатлива модна линија.
Кога беше на врвот од својата кариера, преку пријатели ќе го запознае својот сегашен сопруг, арапскиот бизнисмен Саид чие семејство е едно од најмоќните и најбогатите во Емиратите.
Тие ќе се венчаат во 2008 година на гламурозна свадба, на еден од имотите на Саид недалеку од Дубаи.