Кафе муабет
Популарната пејачка е бремена: Ријана ќе стане мајка- го очекува своето прво дете!
Го покажа трудничкото стомаче...
Пејачката од Барбадос која својата слава ја стекна во 2005 година кога го издаде нејзиниот деби албум насловен Music of the Sun, кој успеа да се искачи во топ десет на американскиот Билборд 200 (албум табела) и го содржи доминантниот Билборд Хот 100 хит „Pon de Replay“ конечно реши да се смири и овој пат да даде шанса на вистинската љубов.
Во текот на својата кариера таа успеа да создаде и свој бренд облека.
Но она што сега е актуелно е тоа што пејачката вкендов откри дека е во поодмината бременост и дека го очекува своето прво дете со раперот Роки.
Двојката беше фотографирана за време на викендот во Њујорк, каде Ријана го покажа трудничкиот стомак облечена во долга розова јакна.
Преголемата јакна беше откопчана на дното за да го открие нејзиниот труднички стомак украсен со долг ѓердан со златен крст и шарени скапоцени камења.
На една од фотографиите, направена во Харлем, каде што порасна Роки, раперот ја бакнува својата идна сопруга во чело додека ужива во прошетка на снег.
Уште во мај, Роки зборуваше за неговата романса со Ријана, нарекувајќи ја „љубовта на неговиот живот“.
33-годишниот рапер исто така рече дека основањето семејство е дел од неговата судбина.
„Мислам дека би бил неверојатен, извонредно фантастичен татко“, рече ASAP во таа прилика.
Како и раперот, Ријана претходно зборуваше за планирањето на семејството, велејќи за британскиот Вог во март 2020 година дека животот е навистина краток“ и дека нашла нов пристап кон животот без глупости.
Двојката е во врска од 2020 година, а шпекулациите за нивната врска беа потврдени откако пејачката раскина со нејзиното тогашно момче, милијардерот Хасан Џамел, во јануари 2020 година.
Тешко детство на Ријана!
Таа почнала со пеење кога имала околу седум години. Таа имала доста „болно“ детство, поврзано со зависноста од кокаин на нејзиниот татко, и кршливиот брак кој тој го имал со нејзината мајка кој завршил кога Ријана имала само четиринаесет години. Таа одела во Чарлс Ф. Брум Меморијалното училиште, основно училиште во Барбадос, а подоцна и во Комбермер, каде што на петнаесет години формирала музичко трио со нејзините соученички. Во 2004 година ја освоила титулата мис на Комбермер.
Била кадет во армијата на Барбадос каде што Шонтел била нејзин предводник.
Ријана ги снимала своите песни само за време на летото и Божиќните празници, затоа што сè уште одела на училиште. Нејзините демо песни, стигнале и до Def Jam, каде што била поканета на аудиција од страна на тогашниот директор на продукцијата Џеј-Зи, по што веднаш го потпишала договорот.