Кафе муабет
ПОМИНАА НИЗ ПЕКОЛ! Ова е сестрата на Гоца Божиновска која и даваше поддршка во најтешките моменти!
Не зборува многу за неа...
Пејачката Гоца Божиновска изминатиот период доживеа многу тешки, но и убави ситуации, но една личност и е голема поддршка во животот.
Мајката на пејачката, за која таа се грижеше со години почина минатата година. Освен неа, за нејзината мајка се грижеше и сестрата на Гоца, Јелица, а пејачката сега откри како таа изгледа.
Иако долги години ја држи понастрана од јавноста сега Божиновска објави фотографија со нејзината сестра Јелица и ќерката Зорана Шијан. Заедно уживаат во семеен ручек.
Пејачката не зборува премногу за својата сестра, но во една прилика откри дека тие две се мачеле околу својата болна мајка:
– Жената три месеци лежи во положба како во корито. Таа е стара, но родител е родител, не е важно колку години има. Нам ни е многу тешко, јас и сестра ми сме скршени од болка – изјавила Гоца додека нејзината мајка била сè уште жива.
А по смртта на нејзината мајка, на Гоца почнаа да и се случуваат убави работи, па таа неодамна го доби својот прв внук, кого снаата Бојана и синот Мирко го крстија Зоран по покојниот сопруг на пејачката.
Се што има му должи на Саша Поповиќ !
Пејачката Гоца Божиновска неодамна се присети на тешкиот период и сиромаштијата во која живеела кога првпат се преселила во Белград и во тоа време делела стан со колешката Злата Петровиќ.
– На вратата од тој стан стоеше посмртницата на мојот дедо, кој почина 40 дена пред да се вселиме. Двете бевме многу исплашени и не можевме да влеземе една без друга. Една вечер се враќам во станот од настап, а Злата низ солзи вели: „Едвај чекав да дојдеш, го видов дедо ти“. Тешко живеевме тогаш, но беше убаво – се присети Гоца.
Таа вели дека никогаш не се скарала со Злата и дека така останало до ден денес.
-Тогаш живеевме тешко, но беше убаво.Никогаш во животот не сме се скарале, јас и таа сме како прст и нокт, тоа ги надмина сестринските врски, ја споредувам со моите деца. Кога ќе се изнервира, ќе се пошегува и ќе ми рече: „Што повеќе од овој живот, колку се наработевме, време е да умреме, види колкави ни се децата, имаме, внуци, зошто уште да живееме“. Таа ми вели: „Знам кога ќе умрам дека ќе дојдеш кај мене“ а потоа почнувам да плачам и и велам дека не е нормална: „Што ти е, јас сум во полн ек и планирам да омажам повторно ќе ми рече таа.
Гоца истакна дека кога Зоран Шијан ја оставил за друга жена, Саша Поповиќ буквално и го спасил животот.
-Тој буквално ме спаси, цел живот сум негов должник. Не дај боже да му треба нешто на оваа земјина топка, сто години да не се слушнеме, тој знае дека ќе дојдам, ако треба и да го носам, се додека имам сила во моите раце. Ме третираше како сестра кога бев психички убиена, скршена, сакав да се убијам. Секој ден ми се јавуваше, иако тогаш не беше оженет. Секој ден морав да одам кај него на ручек за да се здебелам бидејќи бев како костур. Некоја Ана тогаш работеше кај него, готвеше, а јас не смеев да го прескокнам ручекот. Ми држеше предавања, ми рече: Престани да се јадеш, да се грижиш и да плачеш. Потоа многу ми помогна со првата песна, првиот албум, сликањето, сè направив со негова поддршка. Го сакам со целото мое срце и душа, тој е најдобриот човек што некогаш се родил. Воопшто не се смени – изјави Гоца за „Свет“.