Дом и семејство
Помалата ќерка на Јелена Карлеуша ги изненади сите со последната фотографија
Малата наследничка тргна по стапките на мама!
Ника беше фотографирана во базенот како сирена, а освен што доби бројни комплименти, воодушеви и со сличноста со нејзината мајка Јелена…
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ги имаат двете ќерки Атина и Ника кои се нивната најголема гордост.
Досега помалата ќерка Ника Тошиќ важеше за вистинска наследничка на тато а поголемата Атина за наследничка на мама Јелена, но по се изгледа Ника тргна по стаките на мама.
Со својата последна фотографија на „Инстаграм“, Ника изненади многумина.
Имено, Ника, која до неодамна беше на одмор со татко и постарата сестра Атина, сега се врати дома, а со фотографија од семејната вила предизвика многу симпатии.
Ника беше фотографирана во базенот како сирена, а освен што доби бројни комплименти, воодушеви и со сличноста со нејзината мајка Јелена.
Ника Тошиќ до сега важеше за наследничка и копија на нејзиниот татко, сепак, по нејзината последна фотографија, мислењата беа поделени, бидејќи нејзината мајка има идентична фотографија од базенот, па гордо ја коментираше фотографијата на Ника, среќна што нејзината помлада ќерката е мајкино девојче.
Ќерките на Јелена Карлеуша се на добар пат за неколку години да ја стигнат нивната мајка на социјалните мрежи.
Поголемата од нив, Атинa која работи како фотомодел, веќе има снимено неколку модни реклами, а само на Инстаграм има преку 100.000 фанови.
Многумина коментираат дека несомнено потсетува на својата позната мама и веќе е идол на многу девојчиња на нејзини години.
Инаку Атина и Ника имаат 12 и 11 години, а сопругот на Карлеуша Душко Тошиќ има 35 и е седум години помлад од пејачката.