Кафе муабет

Помалата ќерка на Карлеуша и Душко диктира модни трендови: Ника го промени имиџот а сите зборуваат за овој детал

По стапките на славната мама...

Помладата ќерка на Јелена Карлеуша, Ника Тошиќ ги изненади своите фанови со нов имиџ.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Слободно може да се каже дека помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е миленичка на своите врсници, а како да не биде кога секој пат воодушевува со својата харизма, духовитост и позитивна енергија.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Ника, која сега порасна во вистинска убавица и влезе во светот на тинејџерите, до неодамна не беше претерано заинтересирана за модните трендови, но се чини дека во последно време сè повеќе ја интересира таа тема, што не е чудно ако се земе предвид дека нејзината мајка важи за стилска икона.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Секоја облека на Ника е многу коментирана, а ова преслатко девојче сега е во чекор со најновите трендови, не само во стилот на облека, туку и кога се во прашање промените на косата.

фото принтскрин

Ника стана вистински хит меѓу тинејџерите, а кога е во прашање изборот на фризура како и бојата на косата, во неколку наврати имавме можност да видиме промени кога станува збор за помладата ќерка на Јелена Карлеуша, па така и овој пат новата ѕвезда на „Тик-Ток“ ги израдува своите многубројни следбеници со уште еден интересен експеримент.

@.nikatosic #fyp ♬ pucaj mi u srce – speed up

Имено, изборот на фризура на Ника Тошиќ за оваа сезона падна на малку потемна нијанса, па таа се пофали на армијата обожаватели, кои сега ги има над дванаесет илјади.

Облечена во спортска комбинација со прекрасна тегет боја и благо навиткани локни, кои според модните експерти, се ненадминат тренд.

фото принтскрин

Со својот нов имиџ, помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ направи голем хит, а пофалби доби и на споменатата социјална мрежа каде што само пристигнуваат позитивни коментари и лајкови, како поради фризурата, така и поради преслатките пеги на лицето со што покажа дека има оригинални идеи.

фото принтскрин

Инаку помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ важи за многу директна девојка, одлична ученичка, добра пријателка, а пред се вистинска комичарка, што дополнително излезе на површина со нејзината одлука да отвори профили на социјалните мрежи , првенствено na „Инстаграм“ и „Тик-Ток“.

Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Ника обожава да ги засмее своите следбеници, а нејзините шеги станаа заразни па многу од врсниците со задоволство ги споделуваат на своите профили.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Со оглед на тоа што нејзината постара ќерка Атина сака да стане фотомодел, а пред извесно време ја имаше првата официјална модна ревија, медиумите се интересираа како поп-дивата Јелена Карлеуша реагирала откако нејзината постара наследничка прошетала по пистата.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Атина сака да биде модел и мој совет до сите родители е да не им ги кршат крилјата на децата. Да ги остават да си ја изберат професијата и да им бидат само ветер во грб, како што мене ми беше мајка ми. Тие се многу специфични девојки. Атина пред некој ден ми кажа дека јас сум виновна што таа и Ника биле препознаени во јавност и дека не го сакале тоа.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Сега јас сум виновна за се, но мислам дека со тек на времето тоа ќе им значи и ќе им помогне. Атина го затвори својот Инстаграм профил на кој имаше десетици илјади следбеници само поради таа несакана популарност.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ
фото инстаграм/Душко Тошиќ
Фото Инстаграм/Атина Тошиќ
Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша
фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close