Кафе муабет

Познатиот фолкер го чека третото дете – неговата нова љубовница е бремена!?

Дали Дарко чека трето дете или Барбара намерно сакаше да привлече внимание со оваа изјава, времето ќе покаже

По раскинувањето со Марина Гагиќ, Дарко Лазиќ започна емотивна врска со пејачката Барбара Бобак со која иако ги следат скандали се чини дека вистински уживаат а тоа може да се види и по фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи.

Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Барбара и Дарко неодамна се вратија од Египет каде го прославија неговиот роденден, а сега таа изненади многумина со својата најнова објава.

Барбара призна дека сега јаде многу повеќе од претходно и на една фотографија напиша:

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Сега јадам за двајца – што е термин што го користат само трудниците кога јадат повеќе поради фактот што носат бебе.

Дали Дарко чека трето дете или Барбара намерно сакаше да привлече внимание со оваа изјава, времето ќе покаже.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Дарко ја обвини Марина дека не дозволува Барбара да го гледа неговиот син

Дарко Лазиќ веќе извесно време е центар на вниманието поради врската со својата нова девојка Барбара, поради расправиите со поранешната свршеница Марина Гагиќ…

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Тој во една прилика јавно да проговори за врската со бившите, Ана Севиќ и Марина Гагиќ, децата Лорена и Алексеј, но и за животот со неговата нова девојка Барбара Бобак со која сега живее во Нови Сад и откри дека причината поради која се преселил токму таму е тоа што се заљубил во тоа место.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Го сакав Нови Сад и порано, тоа е најубавиот град за мене. Некако се заљубив во него. Се разбира, исто така, поради неа, бидејќи таа е веќе таму, и – зошто да не!

На прашањето како се сложува со новата девојка, тој вели дека е заљубен и задоволен од тоа како течат работите.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Презадоволен сум, одлично се сложуваме, се разбираме и тоа е многу важно. Таа и јас сме доста слични, има многу работи, кога ќе почнам да зборувам – никогаш нема да завршам. Најважно е тој заеднички јазик и тоа разбирање, прагот на толеранција што ми одговара многу. Ние ја работиме истата работа и се разбираме.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

За Марина рече дека не може да разбере зошто го претставува како некој што не е. Имено пејачот вели дека таа е помалку детинеста но сепак е мајка на неговото дете и тоа за него е најважно.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– На Марина и реков само едно што ми е важно, а тоа е дека имаме дете, дека заедно ќе се грижиме за тоа дете. Не и бранам да ма момче, важно е само тој некој да биде љубезен со моето дете, бидејќи знам дека мојата девојка ќе биде љубезна со него. Нека си го води животот, нека ме остави на страна и нека си прави кариера преку некој друг.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

На Ана и ја платив цела алиментација. Јас и Ана веќе не сме ни на суд, ние сме во ред, дури и повеќе од во ред, се е нормално. Не знам што сега и должам на Марина, ја објави приказната дека не плаќам редовно, не го гледам детето, не разбирам зошто. Ја имам секоја уплатница, не знам што сака да постигне освен што знае дека сум слаб на тие работи и сака да ме поттикне да се нервирам. Имам деца за кои треба да се грижам во иднина, и ако не се грижам за нив и не се обидам да направам нешто во животот, никој нема. Поточно, не сакам некој друг да се грижи за моите деца без јас да сум таму.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Секако дека ми е жал што не ги гледам децата почесто, би сакал да се будам секое утро покрај нив како и секој нормален маж. Не знам зошто некој ме прави чудовиште, дека моите деца не ми се важни, дека сум себичен. Кога Дарко е добар тогаш се е убаво, а кога Дарко не е таму, тогаш има проблем. Малку ми е преку глава тоа што некој ме прави чудовиште. Не сум мизерен, ниту сум жртва, но не сакам кога некој се преправа дека е жртва а не е.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Ана е во ред, многу се изнервирав што Марина започнува со фактот дека е премногу грижлива мајка. Па, нормално е да си грижлива мајка, не треба да зборуваш за тоа, да се фалиш. тоа е сосема природно и нормално. Не плукај по таткото на твоето дете, јас никогаш нема да кажам ништо за тебе, не мора се да излегува во јавност. Секогаш кога ќе и се јавам да го видам детето таа не е таму, секогаш излегува нешто, или „не сега“ или „не го прави ова“. Во ред, тогаш, кога може. Не сакам да правам проблем, ќе почекам кога ќе може.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Ме прашува: „А каде ќе го носиш, со кого,?“. Многу ме нервира. Имам дете, те прашувам со кого одиш и каде го носиш детето? Тој е мое дете како и твое. Да, но таа забранува Барбара да биде во близина на детето. Што згреши таа девојка за да не треба да се сретне со мојот син, не разбирам?!

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Марина има ново момче!?

Поранешната свршеница на Дарко очигледно си најде ново момче, а тоа не го крие од јавноста. Таа пред неколку дена на својот Инстаграм објави фотографија на која наздравува со млад човек на кого не му го покажа лицето, туку стави емотикон што означува заљубеност.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Инаку во медиумите пред неколку дена излезе веста дека Марина Гагиќ и поранешната девојка на Дарко Лазиќ, Оливера Матијевиќ, наводно решиле да влезат во реалното шоу Задруга!
Продуцентите на Пинк се уште преговараат со Марина, додека наводно веќе потпишале договор со поранешната љубовница на Лазиќ.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

„Прво ја поканија на интервју Оливера со која Дарко ја изневеруваше првата сопруга Ана Севиќ, а потоа и неговата свршеница Марина Гагиќ. Таа беше во Белград минатата недела и веднаш се согласи да влезе во Задруга. Таа вети дека ќе ги открие сите валкани тајни на Дарко Лазиќ пред камерата“, тврди изворот.

Истиот извор наведува дека Гагиќ не сакала да влезе во реалното шоу бидејќи има мало дете, но „посилна од тоа е нејзината желба да му се одмазди на Лазиќ кој не и плаќа алиментација“.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

“Дарко не дава пари за синот Алексеј, а ретко го гледа. Марина сфатила дека ако не му обезбеди иднина на својот син, нема никој друг да го стори тоа. Таа веќе договорила средба со продуцентите на Пинк и ќе се согласи да влезе во Задруга со Оливера за добар надомест“.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close