Кафе муабет
Познатиот фолкер ги шокираше сите – јавно откри дека неговата сопруга го изневерувала!
На големо изненадување, тој исто така призна дека бил измамен и дека поранешната му се правдала и барала прошка за тоа што го изневерила...
Пејачот Слоба Радановиќ неодаман во едно интервју зборуваше за врската со неговата девојка Јелена Ѓуричанин, како и за односнот со неговата мајка Драгиња.
На самиот почеток на разговорот, Слоба се осврна на неговата врска со Јелена со која е речиси неразделен.
– Па, тоа се прашања на кои веќе одговорив безброј пати. Штом ситуацијата се промени, први ќе бидете известени. Не се плашам од „лудиот камен“, но и вака ни е одлично на нас, тоа само би било круна на нашата љубов. Имаме некои расправии, некои ситници. Моите доблести се многу посилни од моите недостатоци, затоа секогаш ја убедувам дека тоа е начинот на кој функционрам- вели Слоба.
Тој се осврна и на врската со неговата мајка, Драгиња, за која, како што вели, е многу приврзан.
– Често одам кај мајка ми, ја посетувам. Таа и јас сме многу приврзани уште од моето раѓање. Особено сега. Не е сама, сестра ми се грижи за неа, но секогаш ме боли кога не сум покрај неа. Се обидувам да ја посетам што е можно почесто. Ја интересира се, би сакала што поскоро да се оженам, да стане баба, и ќе дадам се од себе да го доживее тоа – рече Слоба во „Премиера – специјален викенд“.
Слоба Радановиќ е еден од ретките пејачки што се осмели да издаде албум во време кога владееја инстант хитови. Сепак, овој негов потег се покажа како точен бидејќи по објавувањето на своето деби, тој е во топ најслушани песни во регионот.
Успехот на Балканот, како што призна беше очекуван, но успехот на песните во Австрија не беше. Покрај новите песни за кои зборуваше, тој одговори и на неизбежна тема – поранешните кои се бореа за неговата љубов.
На големо изненадување, тој исто така призна дека бил измамен и дека поранешната му се правдала и барала прошка за тоа што го изневерила.
За потсетување, јавноста овој фолкер исто така го памети и по врската со пејачка Луна Ѓогани во текот на првата сезона реалното шоу „Задруга“, кога иако беше во брак со Кристина- Кија Коцкар, која исто така влезе во споменатото ријалити, му се спротивстави, а подоцна и победи во шоуто и започна пејачка кариера.
Како што одминуваше времето, се шпекулираше дека Радановиќ не само што ја прељубил својата сопруга со Луна, туку дека имало и други девојки на кои јавно им се додворувал додека бил во брак со Кија.