Дом и семејство
Познатиот водител има сопруга помлада од него 18 години- Таа е вистинска убавица, се соблече во бикини и ги запали социјалните мрежи!
Маја е неговата најголема поддршка
Српскиот водител, кој многумина го препознаваат од ТВ екраните, покрај деловниот успех, може да се пофали и со убава сопруга.
Воислав Недеjковиќ, кој со својот шарм и хумор освои многумина, е скоро две децении постар од неговата сопруга Маја, поточно 18 години.
Сепак, возраста не е проблем за нив.
Во брак се од 2002 година и го добија синот Ѓорѓе а како што неодамна изјавија, сè уште не размислуваат за проширување на семејството.
Водителот во интервју за Стори, истакна дека неговата понежна половина поседува се што тој посакувал кај една жена.
– Таа е позрела од мене во многу работи, а во нашиот случај нема судир на генерации. Не сакам стереотипи, затоа соработував и со постари и помлади луѓе во мојата работа, што го сметам за големо богатство. Мислам дека, како што секоја нација заслужува онаков владетел каков што има, така секој маж, вклучувајќи ме и мене, има жена каква што заслужува – рече Воја неодамна за „Стори“.
За Hello.rs водителот рече дека годините не се проблем кај нив, и дека тоа не играло улога во неговиот избор за Маја.
– За мене би било неважно и доколку Маја е постара од мене 17 години, затоа што во неа најдов личност која ме прави среќен – истакна тој.
Покрај тоа што е посветена на своето семејство, Маја е посветена и на својата работа и успешна во својата професија.
– Таа заврши медицина, работи како доктор во Институтот за трансфузија на крв и во моментов е специјализирана за некои крвни работи што не можам ни да ги кажам. Јас ја поддржувам онолку колку што таа ме поддржува мене – изјави тогаш Недељковиќ.
Во една прилика водителот истакна дека љубовта во бракот е најважна а посочува дека успешен брак се темели врз почит.
“Љубовта и почитувањето се најважни во врската помеѓу двајца емотивни партнери. Треба да почитувате некого за да го сакате, ако нема почит и блискост, тогаш нема таква љубов. Љубовта не е иста категорија, започнува на еден начин, се модифицира во друг, во трет… Љубовта не е нешто што е вечно иста работа, но важно е секогаш да ја имаме“, истакна водителот.
Пред извесно време Маја објави фотографија во бикини, па слободно може да с екаже дека освен што е посветена мајка и сопруга, но и успешен доктор, Маја сепак посветува големо внимание на своето тело.
Многумина коментираа за нејзините мускули и добро обликуваното тело, па водителот сигурно е многу горд што покрај себе има ваква убавица…