Кафе муабет
Познатата старлета реши да го промени животот: Стана мајка, се посвети на семејството а сега објави и први фотографии од синчето- фановите воодушевени
Започна нов бизнис...
Поранешната реалити ѕвезда Ана Кораќ неодамна се породи и роди син. Кораќ се породила со царски рез во приватна клиника, а со синот била сместена во посебен луксузен стан. Персоналот се грижел за неа и за бебето, додека таа не ја напушти болницата.
– Таа вчера излезе од породилиштето. Иако можеше да излезе преку ден, цело време чекаше да се стемни, па во подоцнежните часови ја напушти клиниката – рече извор близок на Ана.
– Знаеше дека навечер пред клиниката нема да ја чекаат новинари и папараци, па се реши на тој чекор. Во придружба на само на двајца блиски луѓе отишла во својот дом, а никој не успеал да ја фотографира по излегувањето од болницата, токму како и што посакувала – додал истиот извор.
Инаку, Ана девет месеци уживаше и беше целосно посветена на бременоста а неодамна се огласи и јавно.
– Да се биде во благословена состојба е најубавото нешто што една жена може да го почувствува! Наскоро ќе станам мајка и едвај чекам да го држам син ми во раце. Мојот живот целосно се промени. Посветена сум на семејството, и се е подготвено за доаѓањето на бебето – изјави тогаш Кораќ.
Таа го врати својот профил на Инстаграм пред само неколку дена.
– Отворив маркетинг компанија. Имам тим од луѓе со кои ќе правам сериозни кампањи во иднина. Сакам да се посветам на мојот син и на работата на која напорно работев сите овие месеци. Сакам да им се заблагодарам и на медиумите за разбирањето и почитувањето на мојата одлука да ја водам мојата бременост на мир – изјави Ана.
Вчера старлетата ги објави и првите фотографии од синчето а многумина беа трогнати. Објави две фотографии на кои го држи бебето во раце, а насмевката не ја тргала од лицето.
Кораќ реши да го промени животот а сега за прв пат по породувањето на Инстаграм сподели слика со синот.
Ана доби низа честитки и позитивни коментари дека изгледа убаво и среќно. Судејќи според последната објава, Кораќ се посветила максимално на родителството.