Бебе
Познатата Гранд ѕвезда сподели прва фотографија од своето бебе Ноа
Ова е малиот Ноа на познатата пејачка
Познатата пејачка Слаѓана Мандиќ пред два месеци се оствари во улога на мајка.
Таа тогаш го роди малиот Ное, а сега одлучи да покаже како тој изгледа пред сите пријатели на социјалните режи
Имено, Слаѓа сподели фотографија од синчето и остави симпатичен коментар со кој ги воодушеви сите.
„Здраво на сите! Јас сум #Ноа и конечно да ме запознаете! Бебе најубаво сум и ја слушам мојата мајка, а ова прсте што малку се помести, е тоа за овој глупав вирус кој се појави токму во годината во која што се родив“, напиша Слаѓа под симпатичната фотографија со која што ги воодушеви сите.
Гордите родители на детето му го дадоа името Ноа, а среќните вести ги објави нејзиниот сопруг.
Слаѓа е во брак со Ајлин Ахмиќ кој ги соопшти среќните вести кога се појави пејачката.
Тој вестите ги соопшти преку социјалните мрежи каде се пофали дека бебето е тешко 3 килограми и 9 грама.
„Породувањето помина во најдобар ред, и двајцата се одлично, а малиот убавец се роди со 3.9000 кг. И се заблагодарувам на мојата прекрасна жена Слаѓана што ни донесе уште еден Ахмиќ на свет. Те сакам“, напиша нејзиниот сопруг, а многубројните пријатели и фанови им честитаа за приновата.
Инаку, Ноа е едно од најпознатите библиски имиња. Тоа е многу често име во Словенија, Русија, како и во Грузија, Израел, Италија и Грција.
Слаѓана и нејзиниот избраник имаат син Кан, чии фотографии пејачката често ги објавува на својот налог на Инстаграм.
Таа во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ се појави како веќе афирмирана пејачка, бидејќи во 2012 веќе имаше еден студиски албум зад себе. По натпреварот во популарното шоу продолжи успешно да ја гради својата кариера, а за време на бременоста редовно објавуваше фотки.
Позната е и по тоа што на почетокот од кариерата настапуваше заедно со фолк пејачот Саша Матиќ, а беше и во емотивна врска со неговиот брат Дејан Матиќ.