Кафе муабет
Познатата водителка по која мажите полудеа го освои срцето на братот на Ѓоковиќ!
Сашка и Ѓорѓе уживаат во љубовта...
Две години не се знаеше ништо за емотивниот живот на најмладиот од тројцата браќа Ѓоковиќ.
Откако стави точка на четиригодишната врска, се беше интересно, но никој не успеа да открие дали некоја нова убавица го освоила неговото срце.
Сашка Веселинов, ТВ-лицето на „Еуроњуз“, повеќекратна мисица и инфлуенсер која зрачи со неверојатна харизма, е новата девојка на Ѓоковиќ.
Судејќи по физичкиот изглед не е ни чудно како успеала да го освои Ѓорѓе. Таа откри дека е во врска со него откако објави фотографија на својот профил на Инстаграм и напиша: љубовта е мојот одговор на сè!
На јавноста не и е познато колку е сериозна врската и како таа била прифатена од родителите на Ѓорѓе ниту дали врската ќе трае доволно долго за таа да стане снаа на Ѓоковиќ, а сепак, водителката вп една прилика откри дека има јасна визија за совршена свадба.
– Да биде лето и убаво време, романтично, со бели рози. Саша Матиќ да пее. Може да биде на море… Дури и мојот сопруг да е вистинскиот, не сакам да си играм брак и да се мажам повеќе пати – изјавила за „Ред“ новата девојка на Ѓорѓе Ѓоковиќ.
Во породолжение уште неколку фотографии од оваа фатална русокоса…
БОНУС ВИДЕО:
Во продолжение погледнете акко се забавуваат браќата Ѓоковиќ во слободно време…П