Новости
Познатата водителка Дајана Пауновиќ откри каков однос има со поранешниот сопруг: Ние сме добри пријатели и така ќе остане засекогаш!
Познатиот пар стави крај на бракот пред три години
Пред неколку години продицентот на Гранд, Жика Јанчиќ и сега веќе поранешната сопруга Дајана Пауновиќ ставија крај на бракот кој траеше седум години.
Иако за многумина разводот значи и непријателство и некомуницирање, сепак познатата водителка вели дека тие двајца и по разделбата останале во добри односи и се многу добри пријатели.
Дајана вели дека секојдневно комуницираат воглавно поради обврските околу нивниот осумгодишен син Душан.
– Јас не сум самохрана мајка. За Душан се грижи и неговиот татко. Се слушаме секој ден. Ние заедно го растеме Душан. Јас и мојот поранешен сопруг сме феноменални пријатели и така ќе остане засекогаш. Ние се штитиме еден со друг. Иако не сме сопружници, и не сме еден за друг, сепак ние сме родители на исто дете. Најголемата среќа на Душан е што го сакаме – рече водителката и додаде:
– Ние сме повеќе од пријатели. Нон стоп се слушаме. Не дај Боже да ми треба нешто или некој да ме повреди, Жика е секогаш тука за мене, но и јас сум тука за него во секое време.
Имаме одлична врска и така ќе остане засекогаш – беше искрена водителка во интервју за „Блиц Супер ТВ“.
Таа откри дека е емотивно исполнета и дека има нов партнер по разводот.
– Има некој што го заслужува моето внимание. Среќна сум и исполнета во секој сегмент од животот, но мислам дека јавноста не треба да ја интересира тоа. Јас сум јавна личност, подготвена сум за критики и пофалби. Знам дека не можам да ги задоволам сите, ниту пак сакам. Но, не сакам да откривам која е таа личност, не е важно – рече Дијана.
Дајана е многу активна на Инстаграм па секојдневно поставува фотографии со кои буквално го разубавува денот на своите фанови.
Во продолжение неколку фотографии од згодната и атрактивна водителка…