Кафе муабет

Поделба на вакцинирани и невакцинирани: Германија ги олеснува мерките за вакцинираните- останатите под строги мерки!

Вакцинираните против коронавирус имаат помал потенцијал да заразат други отколку оние кои имаат негативен тест...

Во Германија, во петокот на полноќ стапија на сила измените во законот за заштита од инфекции, кои овозможуваат автоматско воведување на построги мерки во борбата против ковид-19, вклучително и забрана за движење помеѓу 22 и 5 часот наутро, во градовите и општини со седумдневна инциденца повисоки од 100 новоинфицирани на 100 илјади жители.

фото илустрација

Германската федерална министерка за правда Кристин Ламбрехт подготви предлог за законски измени на состанокот на федералните и покраинските влади кој ќе го доств денес со што вакцинираните ќе бидат ослободени од некои мерки што доаѓаат со борбата против пандемиите, како што се задолжително тестирање или карантин по враќањето од странство , Пишува Дојче веле.

Marcel Kusch/dpa Picture-alliance Via Afp

„Ако се заклучи дека вакцината не само што ги штити оние кои ја примиле, туку и други, тогаш тоа мора да се земе предвид при формулирање на важечките мерки“, рече министерката на социјалдемократите Ламбрехт во интервју за весникот „Ханделсблат“. 

Еден документ, објавен од дневниот весник Билд, цитира заклучок од Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох, во кој се заклучува дека вакцинираните против коронавирус имаат помал потенцијал да заразат други отколку оние кои имаат негативен тест. Затоа, како што е наведено, треба да се воведе ублажување или ослободување од некои мерки за оние кои биле вакцинирани, но исто така и за оние кои прележале коронавирус.

Германскиот министер за здравство од Унијата ЦДУ / ЦСУ Јенс Спан, кој ја најави оваа можност пред неколку недели, рече дека владата во моментов разговара од какви мерки може да бидат изземени вакцинираните. Првенствено се споменува укинување на мерките за самоизолација за оние кои биле во контакт со заразено лице или за оние кои се вратле од странство и се присилени на десетдневен карантин.

Олеснување може да важи и за вакцинираните слободно да можат да посетуваат фризери, поголеми маркети или ресторани откако ќе бидат повторно отворени.

„Целосната доза на вакцините може целосно да ги олесни обврските за тестирање“, рече Спан.

Пред неколку недели, Спан експлицитно истакна дека не станува збор за „привилегии“, туку само за враќање на основните права на граѓаните кои беа привремено одземени за време на пандемијата.
Исклучоци за вакцинираните, вклучително и оние кои ги примиле обете дози на вакцини, може многу брзо, како дел од штотуку изменетиот закон за заштита на граѓаните од инфекции, да се примени во целата земја се разбира со потврда на двата дома, Бундестагот и Бундесратот.

Но, министерот за економија Питер Алтмаер ја намалува еуфоријата околу неодамнешните исклучоци за вакцинирани. Со оглед на тоа што исклучоците ќе важат само за оние кои се целосно вакцинирани, според Алтмаер, тоа може да трае сè додека значителен дел од населението воопшто не добие такви бенефиции.

foto ilustracija

„Во моментов околу 20 проценти од граѓаните ја примиле првата вакцина. Не верувам дека може да има исклучоци пред јуни или јули “, рече Алтмаер во саботата. Тој рече дека политичките одлуки во голема мера зависат од научното знаење.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close