Uncategorized

Погледнете со каков “ѕвер” се почести Станија: Старлетата даде цело богатство за овој автомобил, го чекаше 22 дена а сега конечно е во нејзини раце

Сама си купи нов автомобил...

Познато е дека старлетата Станија Добројевиќ ужива во луксуз и дека обожава скапи автомобили.

фото инстаграм/Станија Добројевиќ

Старлетата се почестила со автомобил кој чини цело богатство.

фото инстаграм/Станија Добројевиќ

Иако многумина мислеа дека нејзиниот скап „мерцедес“ е подарок од нејзиното момче од Америка, старлетата вели дека самата се почастила за својот 38 роденден.

фото инстаграм/Станија Добројевиќ

-Многумина би сакале да слушнат дека мојот дечко ми го купи автомобилот, но ќе морам да ги разочарам, бидејќи тој не го направи тоа. Навикнати сме момчињата да купуваат скапи коли за девојки во Србија, затоа што да немаа богати дечковци, не би можеле да си дозволат луксузен автомобил. На таквите жени не им паѓа на памет да почнат да работат и да се издржуваат. Но, јас не сум една од нив. Почнав да работам додека студирав. Во Америка бев модел, а подоцна и заштитно лице на казино. Имам своја компанија за органска козметика, која ја купуваат жени ширум светот. Заработувам преку Инстаграм и „Онлифенс“! Го сликам мојот задник и добивам големи пари за тоа. Се снаоѓам најдобро што знам. Горда сум на себе што никогаш не си дозволив да зависам од мажите. Добро заработувам, па можам да си купам што сакам – рече Станија.

фото инстаграм/Станија Добројевиќ

– Сакав да возам автомобил во металик сива боја, а бидејќи најчесто ги прават во бела, црна или темно сина боја, чекав 22 дена да ми стигне колата во Србија од странство. Кога ја видов се воодушевив. Чекањето вредеше, бидејќи е совршен – вели старлетата.

фото инстаграм/Станија Добројевиќ

Пред да го купи овој модел Добројевиќ возеше Audi Q3.

фото инстаграм/Станија Добројевиќ

– Добро ме послужи! Бев многу задоволна, но ми требаше поголем автомобил. Го продадов мојот бел џип затоа што се заљубив во мојот нов автомобил. Многу луѓе ми велеа дека со тие пари можев да купам имот, но јас не сакав, бидејќи веќе сум обезбедена со станбен простор – вели Станија и открива кој прв се возел во нејзиниот ѕвер на четири тркала:

фото инстаграм/Станија Добројевиќ

– Штом го зедов клучот во раце, веднаш ги возев мајка ми, брат ми и кучето.

фото инстаграм/Славица Добројевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close