Кафе муабет
Погледнете како изгледа мајката на Цеца, ретко се појавува во јавноста! Сега е јасно од кого ја наследила убавината!
Цеца талентот за музика го наследила од нејзината мајка, иако пејачката во една прилика истакна дека најголемиот дел од карактерот го наследила од нејзиниот татко...
Светлана Цеца Ражнатовиќ, на јавноста и е позната како една од најатрактивните и најмоќните пејачки на овие простори но освен по својата популарност, таа е позната по нејзиниот цврст карактер и јасни ставови, кои веројатно најмногу и ги должи на својата мајка.
Мајката на пејачката, Мира Величковиќ, никогаш не се појавила во јавноста и не давала изјави за својата ќерка и многу малку се знае за неа. Цеца честопати ја нагласуваше важноста на поддршката што ја уживаше од нејзините родители, мајката и таткото Слободан.
И иако многумина не знаат како изгледа мајката на популарната пејачка, она што се знае е дека г -ѓа Мира е пензионирана наставничка која ги воспитувала своите ќерки многу строго, додека Слободан работел како бравар и трговец. Денес, тие не се само горди родители, туку и горди баби и дедовци, а минатата година станаа и прабаба и прадедо на малиот Жељко.
– Татко ми штом се родив и заплакав за прв пат рекол: “Се роди пејачка!” Кога сум прозборела, родителите ги викав по име, и се обраќав на мајка ми со Мико – се сеќава Цеца, која има сестра Лидија. Иако уживаше во целата љубов на нејзината мајка, таа не криеше дека пораснала според многу строги принципи што ги применувала Мира, пренесува Пулс.
Цеца талентот за музика го наследила од нејзината мајка, иако пејачката во една прилика истакна дека најголемиот дел од карактерот го наследила од нејзиниот татко. Кога станува збор за физичкиот изглед, оставаме на вас да процените колку сличности има Цеца со нејзината мајка, која исто така важеше за убавица во младоста.
Цеца често истакнува дека нејзините родители за време на кариерата и давале поддршка и секогаш биле покрај неа.