Кафе муабет

Погледнете како изгледа мајката на Драгана Мирковиќ- ТАА Е НЕЈЗИНА НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА!

Таа е родена во селото Касидол и пораснала во шестчлено семејство...

Познатата фолк пејачка Драгана Мирковиќ со децении е на самиот врв на балканската естрада, а воедно важи и за една од најбогатите пејачки.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Според податоците на еден сајт Драгана тежи околу 30 милиони долари, а неодамна искрено коментираше дека постои и доза на љубомора кај одредени нејзините колеги заради нејзиниот успех.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

„Јас прво бев изненадена дека тие воопшто знаат за нашите ѕвезди и дека воопшто се занимаваат со тоа. Тоа е проценка на вредноста на целата кариера на една личност. Тоа на некој начин е и комплимент“, изјави Драгана и додаде дека искрено мисли дека тоа не предизвикува љубомора.

„Тони и јас сме луѓе кои само можеме да им помогнеме на колегите, сигурно нема да им одмогнеме. Кога мој пријател, некој што е посилен од мене има повеќе, пресреќна сум и горда, прекрасно е да имаме некој таков, па можеби еден ден, не дај боже, како бекап“, објасни познатата пејачка.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

„Мислам дека моите колеги така и треба да ме гледаат, бидејќи докажав дека сум тука секогаш за нив да помогнам и никогаш не сум зборувала за тоа, бидејќи тоа е нешто приватно“, раскажа таа, а пренесе „Телеграф.рс“.

Инаку, Драгана и покрај тоа што е една од најбогатите пејачки таа не крие од каде потекнува и редовно го посетува своето село, мало место близу Пожаревац.

Таа е родена во селото Касидол и пораснала во шестчлено семејство.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако таа денеска живее во луксуз, и понатаму секој слободен ден го помминува токму во својот роден крај.

Родната куќа е преуредена, а нејзините соседи изјавиле како славата на Драгана воопшто не ја променила.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Драгана често ги носи нејизните деца во родниот крај, таа сака децата да уживаат во природа, со нивните пријатели.

Во ретките интервјуа во кои зборувала за нејзините родители, Драгана искрено кажала дека тие биле очајни поради нејзините здравствени проблеми која ги имала како дете.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Имав една година кога приметиле кај мене исчшување на колковите. Во тоа време тоа било голем проблем. Бев пред операција со мали шанси за успех, таквите деца остануваа со пократка нога.

Родителите ми беа очајни, а мајка ми многу плачеше. Беше лошо да имаш женско дете кое не може убаво да оди.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Нашиот стар кум и рече: „Немој да плачеш, тоа дете ќе биде посебно“. До следната година бев по болниците, долго време во гипс, на терапии, одвоена од мајка ми бидејќи тогаш не дозволуваа да биде таа со мене, зборувала Драгана.

Пејачкaта додала како нејзината мајка Јелица и ден денеска и е голема поддршка и покрај неа се чувствува најсигурно и најтопло.

Таа ретко објавува фотографии од својот приватен живот, но во една прилика ја покажа мајка си…

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

За потсетување, Драгана Мирковиќ во септември оваа година направи голема прослава одбележа 20 години од бракот со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Драгана преку својот профил на Инстаграм сподели бројни честитки што ги доби од пријателите и фановите со нивни заеднички фотографии.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close