Кафе муабет
Погледнете како изгледа золвата на Луна Џогани: Нема да верувате дека е мајка на четири деца
Марко минатата година по четврти пат стана вујко...
Малку е познато дека ријалити ѕвездата и учесник во „Задруга“, Марко Миљковиќ, има сестра Марија која не се појавува многу во јавноста.
За неговата сестра се знае многу малку, освен дека е мажена и има деца, а Марко во март 2020 година стана вујко по четврти пат.
Иако се породи четири пати, Маја е вистинска убавица, што може да се види на фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи.
Инаку минатата недела ненајдено почи-на Недељка Миљковиќ, мајката на Марко и Марија Миљковиќ, , а Марко потоа се огласи во јавноста.
– Мила моја мајко, те сака твојот Маџа … Почивај во мир – напиша Марко и го стави емотиконот на срцето.
Семејството на Луна и Марко Миљковиќ беше погодено од трагичната вест, за ненадејната смрт на неговата мајка и нејзината свекрва Недељка Миљковиќ а во оваа прилика не сакаа да даваат изјави за медиумите.
Сепак, колку и да е огромна и ненадоместлива загубата, животот мора да продолжи, а Луна и Марко го сфатија тоа. Тие двајца пред два дена имаа посебна причина за славење,бидејќи на Луна и беше роденден.
Победничката на „Задруга“ и пејачка наполни 26 години, а доби и низа честитки од најблиските.
Луна на Инстаграм сподели честитка од мајката Анабела, таткото Гаги, сопругот Марко, сестрата Нина и многу пријатели и обожаватели, а на крајот на сите припаднички на понежниот пол им го честита Меѓународниот ден на жената.