Кафе муабет
Погледнете како изгледа денес Марина Гагиќ, поранешната на Дарко Лазиќ: Беше со него во најтешките моменти а потоа ја остави за друга
Марина живее кај нејзините родители со синот Алексеј...
Фолкерот Дарко Лазиќ моментално ужива со сопругата Катарина Лазиќ со која неодамна раскина.
Како што јавноста е веќе запознаена, пејачот зад себе има еден брак од кој ја доби ќерката Лорена со колешката Ана Севиќ, но и син од вонбрачна заедница со Марина Гагиќ.
Марина беше долгогодишната свршеница на Дарко која покрај него беше во моментот на неговата тешка сообраќајна несреќа и токму во моментот кога многумина помислуваа дека ќе ѕвонат свадбените ѕвона, парот објави крај на нивната врска.
Гагиќ по раскинувањето со Дарко се повлече од медиумите и му се посвети на синот, а за бившиот вереник не сакаше многу да зборува во јавност.
Иако роди дете и доживеа емотивен бродолом, Марина како што велат на социјалните мрежи нејзините следбеници, изгледа подобро од било кога а линијата ја доведе до совршенство.
Таа неодамна замина на егзотично патување и по тој повод сподели спомени со своите следбеници, но и дел од нејзиното мени кое ја открива тајната на нејзината витка линија.
Новите фотографии на Марина покажуваат дека таа очигледно не е многу променета во однос на периодот кога беше со пејачот.