Новости
Погледнете каква убавица е девојката што му го украде срцето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ
Димче Арсовски стави крај на ергенскиот живот
Откако минатата, 2020 година донесе тага и несреќа во многу домови во светот, секој од нас надежите ги положува во оваа 2021 година.
Се чини дека на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, оваа Нова година му започна навистина среќно.
Прво на 17 јануари го прослави својот роденден. Неговата девојка Соња сподели фотографија од него на која тој дува свеќички и напиша:
„Среќен роденден љубов моја. Ти посакувам многу здравје и среќа, а желбите веќе ни се остварија“, му порача Соња на саканиот.
Но, среќата не заврши тука. Утредента Арсовски на социјалните мрежи сподели дека става крај на ергенскиот живот и дека ја запросил Соња.
Тој објави фотографија на која ја држи Соња за рака, а во преден план е вереничкиот прстен.
„Доста беше, до вечноста“, напиша тој на социјалните мрежи.
Соња Тодорова по потекло е од Струмица и е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа.
Убавата вест и таа ја сподели на социјалните мрежи.
„Роденденски подарок за мене или за него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“, напиша Соња на својот профил на социјалните мрежи.
Честитки!