Кафе муабет

Погледнете каква “бомба” е новата девојка на фолкерот – сличноста со поранешната е неверојатна!

Дарко наводно е во врска со пејачката Барбара Бобак, која се појави во една емисија на овогодинешното натпреварување за „Ѕвездите на Гранд“...

Пред извесно време во јавноста одекна веста дека пејачот Дарко Лазиќ  и неговата вереница Марина Гагиќ со која го има синот Алексеј не се повеќе заедно.

foto instagram
фото инстаграм
foto instagram
foto instagram

Веста ја потврдија и двајцата но по се изгледа дека Дарко брзо ја преболе Марина и си најде нова љубов.

Како што дознава српски Курир, Дарко наводно е во врска со пејачката Барбара Бобак, која се појави во една емисија на овогодинешното натпреварување за „Ѕвездите на Гранд“.

фото инстаграм
foto instagram
фото инстаграм

Барбара има 22 години и е од Футог, близу Нови Сад. Според близок извор на Лазиќ, таа и пејачот се познаваат подолго време, а повеќе пати пееле заедно во Белград и Србија на забави, но и во клубови ширум дијаспората. Од првата средба имаше искри меѓу нив, но Лазиќ, кој во тоа време уживаше во својата љубов со Марина, не проба ништо. Тој остана во контакт со Гагиќ а штом официјално ја раскина свршувачката со Марина, тој и предложи на Барбара да се видат, што таа веднаш прифати.

фото инстаграм

Тие во моментов уживаат во врската, но цело време се обидуваат да сокријат од поширокиот круг на луѓе дека се заедно. Сепак, неколку пати биле видени заедно во ресторани и на сплавот на кој Лазиќ често излегува, па неговите блиски пријатели се запознати со тоа дека ужива со неговата нова љубов.

Foto instagram/ Bobak S. Barbara
Foto instagram/ Bobak S. Barbara
Foto instagram/ Bobak S. Barbara

Пред извесно време во медиумите се појави веста дека пејачка која сакаше да остане анонимна веќе неколку години се обидува да го заведе Лазиќ и дека сака по секоја цена да биде со него и да роди дете, па многумина веруваат дека Барбара е таа пејачка и дека успеала во својата намера. Инаку, Барбара Бобак се појави и во најголемото музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде се натпреваруваше за директен премин во четвртото коло. Таа беше кандидатка на Мили, но не наиде напозитивни коментари од жирито, кое не беше воодушевено од нејзиното пеење.

Foto instagram/ Bobak S. Barbara
Foto instagram/ Bobak S. Barbara
Foto instagram/ Bobak S. Barbara

Новинарите на Курир го контактираа Лазиќ.

Foto instagram/ Bobak S. Barbara
Foto instagram/ Bobak S. Barbara
Foto instagram/ Bobak S. Barbara

– Јас сум во странство, немам коментар за тоа. Денес е таа, утре ќе биде некој друг. Имам поважна работа – рече Лазиќ, додека Барбара не одговорила на пораките.

Foto instagram/ Bobak S. Barbara
Foto instagram/ Bobak S. Barbara

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close