Кафе муабет
Погледнете во каков раскош живеат Карлеуша и Душко- вилата во Дедиње е вистински рај за очи!
Секој во куќата има свое катче, особено ќерките Ника и Атина, кои имаат соби со посебна бања и тераса...
Иако веќе некое време кружат приказни дека Јелена и Душко Тошиќ имаат проблеми во бракот, сепак се чини дека не е така.
Имено пејачката не ги коментира гласините туку ужива во рајот заедно со своите ќерки.
Јелена Карлеуша долги години е присутна на јавната сцена и во една прилика истакна дека не сака многу да излегува.
Таа претпочита да го поминува своето време во својот дом, што го уредила по нејзин вкус. Кога времето е убаво, пејачката ужива да биде во семејниот простран двор, кој е опкружен со дрвја.
Откако се стабилизираше времето пејачката реши да ја одбележ пролетта, и во својот мал рај донесе пијано.
Вилата на Јелена Карелуша се наоѓа на Дедиње, а претходен сопственик бил Драган Стојковиќ Пикси. Луксузниот имот има два базени, затворен и надворешен, и огромен двор.
Тој има целосна приватност, па затоа често Карлеуша позира во провокативни изданија.
Секој во куќата има свое катче, особено ќерките Ника и Атина, кои имаат соби со посебна бања и тераса.
Јелена еднаш раскажа какофункционира во заеднички простор со сопругот Душко.
-Посебни бањи и тоалети, колку што е можно повеќе да се одделите од брачниот другар, така што тогаш ќе започнете да си недостгате. Одделни паричници и што е најважно, како глазура на тортата – љубов – рече Јелена во една прилика во „Ексклузив“.
За него во една прилика истакна дека е најчесниот човек кој го познава и дека одредени личности сакаат да му го оцрнат образот со сите афери кои се објавуваат во медиумите.
Живели за добриот, искрен, непокварен човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, за одличниот спортист. Живели со човекот кој никогаш не изневерувал, понижувал или засрамил. НИКОЈ. НИКОГАШ. Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни напади од таблоидите. ПОРАДИ МЕНЕ. Поточно поради нивната болна омраза кон мене. Треба да напишам: НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ТЕ ИЗВАЛКА ДУШКО, нема такво ѓубре, лоши намери, лаги што можат да го уништат добриот човек и неговото семејство. Неизмерно ми е жал што баграта го спомнува твоето име … тие ќе мораат да клекнат на колена бидејќи се недостојни, напиша во една прилика Карлеуша.