Кафе муабет

Повторно оставена: Рада Манојловиќ скршена од болка- ги откри сите детали за раскинувањето со Харис!

Призна дека повеќе не се заедно...

Веќе подолго време се пишуваза раскинувањето наРада Манојловиќ и Харис Берковиќ по шест години, а сега пејачката потврди и на својот „Инстаграм“ профил.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Рада, која се обидува да го сокрие љубовниот живот од љубопитните погледи на јавноста и по разните шпекулации за раскинувањето не се огласи, сега реши да ги сподели своите емоции со бројните следбеници и конечно да признае што се случува помеѓу неа и Харис.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Јас и Харис повеќе не сме заедно – потврди дека повеќе не е со девет години помлад колега и додаде:

фото принтскрин

– Им благодарам на сите наши заеднички фан страни за поддршката и апсолутно му ја посакувам сета среќа во животот и кариерата. Нема да коментирам многу, како што не коментирав за време на врската. Благодарам – искрена беше пејачката.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Во медиумите многу се шпекулира дека нивната врска веќе подолго време е на стаклени нозе, а дали Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ раскинале поради нејзината поврзаност со поранешното момче Милан Станковиќ, останува да видиме.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Рада и Милан се смирија по 10 години!

Иако имаат недефиниран однос, некогаш се заедно, некогаш не, факт е дека тие двајца одлично се познаваат, почитуваат и разбираат.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Рада знае се низ што минал Милан во детството и токму поради таа причина не го обвинува што не е подготвен за семејство и брак и што се пронашол во црквата. Таткото на Милан бил убиен во затвор, а неговата мајка повторно се омажила и тоа за човек кој не му дал љубов или топлина, што оставило болни траги за целиот негов живот.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Очувот на Милан не се интересираше за никој во куќата, не сакаше да работи. Подоцна му се слошило и бил врзан за кревет четири години. Не можеше да работи а лекот чинеше половина од мојата плата. Не се грижеше дали децата имаат што да јадат. Морав да работам, да пеглам и да чистам куќи. Милан страдаше затоа што немаше татко покрај себе, а очувот го малтретираше и тепаше – изјавила еднаш мајката на Милан, пренесува „Свет“.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Тој никогаш не кажа дали поради ова се колеба да создаде семејство, но своето мирно засолниште го најде во црквата и молитвите. Поминува многу време во манастирот каде целосно се придржува до подвижничкиот начин на живот, а Рада го разбира и го поддржува иако знае дека тие двајца би имале хармоничен брак затоа што пред се се пријатели и се разбираат многу добро.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Кружеа и гласини дека Рада се смирила со нејзиното поранешо момче, Милан Станковиќ но ниту еден од нив не се огласи по ваквите тврдења.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

За помирувањето на Рада и Милан наводно најсреќен бил таткото на пејачката, кој ја поздравил веста дека неговата наследничка се вратила кај Милан, а кога неодамна се појавила во нејзиното родно село Четереже, ја искористил приликата да седне со ќерката и да разговара сериозно со неа и ја предупредил да не ја прави истата грешка мислејќи на претходниот пат кога раскинала со Милан.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

-Рада многу го израдувала својот татко кога му кажала дека се смирила со Милан, кој сега е сосема друг човек, се свртел кон верата и Бога и многу често посетува манастири каде што престојува неколку дена. Не му пречи ни да го прави тоа, туку го поддржува во сето тоа бидејќи забележува колку му се допаѓа. Рада неодамна го посети Четереж, но без Милан, бидејќи тој тогаш бил пет дена во манастир. Таткото на Радмила Манојловиќ, Раде го искористил тоа за да разговара со својата ќерка – изјавил близок извор на пејачката и додал дека многу се плашел неговата ќерка да не остане сама, па ја притиснал што побрзо да се омажи за Милан.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

-Таткото на Радмила Манојловиќ и рекол дека нема потреба да се одолговлекува со врската. Нагласи дека може да остане сама и немажена ако остане без Милан, се чувствува како да е фрлена клетва врз неговата ќерка бидејќи нема начин да се омажи. Не може да се помири со фактот дека сите претходни врски на Рада се долги, но дека ќе раскинат токму кога ќе се појави прашањето за бракот – изјавил изворот и навел дека таткото на Радмила Манојловиќ е нетрпелив да разговара и со Милан.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Раде ќе разговара со Милан во првата прилика кога ќе го посети, а верувам и дека ќе му каже да не чека премногу долго на одлуките на Рада, туку да почне да ја планира венчавката – заклучил извор близок на пејачката.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close